Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 28.10.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 3 во делот „- дали за извршената услуга за поднесување на пријавата за упис на основање трговец поединец и трговско друштво постапува согласно со членот 35 став (7) од овој закон“ од членот 34-е и на членот 3 во целост од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2016).
Реферат У.бр. 81/2019

2. Член 18 став 2 од Законот за експропријација („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/2012, 131/2012, 24/2013, 27/2014, 104/2015, 192/2015, 23/2016 и 178/2016).
Реферат У.бр.143/2019

3. Член 18 став 2 во делот „став 2“ и член 46 став 2 во делот „за спроведување на постапката од ставот (1) на овој член“ од Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр.92/2007, 136/2013, 25/2013, 137/2013, 164/2013, 158/2014, 15/2015, 129/2015, 192/2015, 30/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 18/2020).
Реферат У.бр.6/2020

4. Член 9 став 1 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018,140/2018, 208/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019 и 42/2020).
Реферат У.бр.31/2020

5. Делот „Биро за лекови“ од член 5 ставови 2 и 5, член 6 став 4, член 7 став 1 и 4 и член 10 став 1 од Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја („Службен весник на Република Македонија“ бр.71/2006, 136/2011 и 37/2016).
Реферат У.бр.239/2020

6. Одлука за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, бр. 09-3172/3 од 18.03.2020 година, донесена од Советот на Општина Охрид („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.4/2020).
Реферат У.бр.181/2020

7. Уредба со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот COVID-10 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.106/2020 од 21 април 2020 година).
Реферат У.бр.159/2020

8. Член 113 ставови 7 и 8 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2015, 192/2015, 231/2015 и 163/2018).
Реферат У.бр.184/2020

9. Член 2 став 1 точка 1, член 2 став 1 точка 3 во делот „и високото додипломско образование на Република Северна Македонија (редовни студенти на универзитети основани од Република Северна Македонија) согласно со евиденцијатана Министерството за образование и наука“, член 2 став 4, член 3 став 3, член 5 став 3 и член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за врема на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.137/2020, 147/2020, 151/2020, 156/2020 и 157/2020).
Реферат У.бр.200/2020, У.бр.208/2020 и У.бр.222/2020

10. Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, број 44-5217/1 од 9 јуни 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 154/2020)
Реферат У.бр.221/2020

11. Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, бр. 44-4066/1, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 14 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.126/2020 од 15 мај 2020 година).
Реферат У.бр.240/2020

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.86/2018