Соопштение

Учество на претседателот на Уставниот суд, г.Сали Мурати, на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, учествуваше на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа на тема: „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права“, кој се одржа на 16 октомври 2020 година во Хотел Мериот во Скопје.

Претседателот Мурати, имаше свое воведно обраќање при отварањето на Форумот каде меѓу другото, се осврна и на прашањето за изнаоѓање „фер-баланс“ помеѓу заштитата на здравјето, социјалните и економските нарушувања и заштитата на човековите права согласно националното право и Европската конвенција за човекови права.

Покрај ова, претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, имаше свое излагање и во работниот дел од форумот каде детално се осврна на работата на Судот за време на вонредната состојба, на некои одлуки кои беа донесени во овој период и аргументите изнесени во нив и за потребата од регулирање на работата на Владата за време на вонредна состојба. Во врска со ова беше остварена плодна дискусија по овие прашања.