Соопштение

Предавање на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

На покана од Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, вчера (13.10.2020 година), пред слушателите од VII-та генерација на слушатели на почетна обука, одржа предавање на тема „Предизвиците за Уставниот суд на Република Македонија“.