Соопштение

Известување за одржување на подготвителна седница

Уставниот суд на Република Северна Македонија, на 1 октомври 2020 година со почеток од 10,00 часот, ќе одржи подготвителна седница по предметот У.бр.97/2019 во кој е оспорена уставноста на членовите 22 и 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 245/2018).