Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 08.07.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 353 став 5 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015 и 97/2017).
Реферат У.бр.106/2018

2. Уредба со законска сила за финансиска подршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 137/2020)
Реферат У.бр.195/2020

3. – Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со Законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 128/2020) и
– Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со Законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 140/2020).
Реферат У.бр.216/2020

4. Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба бр.08-682/2 од 16 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.127/2020 од 17 мај 2020 година).
Реферат У.бр.205/2020

5. Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2020).
Реферат У.бр.197/2020

6. Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба („Службен.весник на Република Северна Македонија“ бр.159/2020).
Реферат У.бр.212/2020 и У.бр.214/2020

7. Уредба со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3324/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020)
– член 7 во делот: „како и до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската Здравствена Организација” од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3324/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020) и
-член 8 во делот: „како и до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската Здравствена Организација” од Уредбата со законска сила за задолжителна самоизолација при тестирање за присуство на коронавирус covid-19 за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3322/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020)
-членови 1 и 2 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3324/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020).
Реферат У.бр.163/2020, У.бр.165/2020 и У.бр.189/2020

8. Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, бр.44-2922/1 од 8 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“број 95/2020)
Реферат У.бр.172/2020

9. Одлука за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија бр.08-1421/1 од 16 февруари 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020).
Реферат У.бр.215/2020

10. Член 2 став 1 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за вршење на сметководствени работи донесена од Владата на Република Северна Македонија на 29 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.140/2020).
Реферат У.бр.194/2020

11. Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020 и нејзиното дополнување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2020).
Реферат У.бр.209/2020

12. Одлука за утврдување на постоење на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2020).
Реферат У.бр.207/2020

13. Одлука за утврдување на постоење на вонредната состојба број 08-729/2 од 30 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.142/2020), донесена од Претседателот на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.204/2020

14. Уредба со законска сила за примена на Законот за утврдување на цени на водните услуги за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, бр.44-2781/1 од 2 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“број 89/2020)
Реферат У.бр.115/2020

15. Уредба со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовиате на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020).
Реферат У.бр.175/2020

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.85/2019

 

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.142/2019 со нацрт-одлука

2. Предлог за одлучување по предметот У.бр.34/2020 со нацрт-одлука

3. Предлог за одлучување по предметот У.бр.154/2020 со нацрт-одлука