Соопштение

Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXI седница (денeс, 12 јуни 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата за минимални технички стандарди и услови во поглед на опремата (хардверот), функционалноста и начинот на користење на информацискиот систем на градежно земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.198/2016);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за туристичката дејност за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.80/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на самостојните уметници за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.82/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за финансиска подршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортска администрација за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020 и 94/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавните набавки за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020);

– поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за исплата на паричен надомест за лица ангажирани со договор за дело во органите на државната васт, регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна сопственост на државата, единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/20) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/20 и 103/20) (У.бр.166/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/20 и 103/20) (У.бр.185/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите 1, 2, 4, 5 и 6 од Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањето судовите и јавните обвинителства („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 84/2020 и 89/2020) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членот 3 од истата уредба;

– се запре постапката за оценување на уставноста на член 1 точки 2 и 3 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 107/2020) и да се стави вон сила решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на овие одредби од причина што одредбите од оваа одлука за кои се поведе постапка за оценување на нивната уставност не се повеќе во правниот поредок;