Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 20-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 10.06.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019.
Реферат У.бр.164/2019

2. Член 63 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.82/2013, 18/2014, 44/2014, 129/2015, 152/2015, 39/2016, 58/2016, 11/2018 и 275/2019).
Реферат У.бр.30/2020

3. Уредба со законска сила за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство на територија на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/2020), донесени од Владата на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.82/2020

4. Уредба со законска сила за примена на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/2020 година), донесена од Владата на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.116/2020

5. Уредба со законска сила за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот (Ковид -19) за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.100/2020).
Реферат У.бр.152/2020

6. Член 1 точка 2 и точка 8 алинеја 2 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72,2020, 74/2020, 76/2020, 78/2020, 89/2020, 92/2020, 100/2020, 105/2020, 107/2020, 111/2020, 119/2020, 125/2020, 130/2020, 134/2020 и 136/2020).
Реферат У.бр.176/2020