Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 18-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 27.05.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1.Член 22 и 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.245/2018).
Реферат У.бр.97/2019

2.- Делот „Надлежност“ од насловот на Правилникот за составот, надлежноста ии начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017);
– делот „Надлежност“ од насловот на глава IV со наслов: „НАДЛЕЖНОСТ НА ЛЕКАРСКИТЕ КОМИСИИ“ од Правилнникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Маккедонија“ бр.82/2016 и 35/2017);
– делот „Надлежност“ од член 1 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија бр.82/2016 и 35/2017);
– делот „Надлежности“ од член 5 став 2 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017);
– член 5 став 2 алинеи 1-5 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017);
– делот „или со општи акти“ и делот „надлежност“ од членот 6 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017), и
– делот „Надлежност“ од член 15 став 2 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија бр.82/2016 и 35/2017).
Реферат У.бр.34/2020

3. Одлука бр.44-668/1 од 21.01.2020 на Владата на Република Северна Македонија за поништување на решенија за разрешување на должност вршители на должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи-меѓуопштински центри за социјална работа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.16/20 од 22 јануари 2020 година).
Реферат У.бр.3/2020

4. Член 44 став 5 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2015, 217/2015, 222/2015, 228/2015, 35/2016, 99/2016, 134/2016, 33/2017 и 86/2018).
Реферат У.бр.12/2020

5. Заклучок за донесување мерки за контрола на загадувањето на амбиенталниот воздух од страна на индустриските капацитети во Општина Велес бр.25-5658/23 („Службен гласник на Општина Велес“ бр.19/2018 од 21.11.2018 година), донесен од претседателот на Советот на Општина Велес.
Реферат У.бр.150/2019

6. Уредба со законска сила за примена на Законот за градење за време на вонредна состојба, бр.44-2764/1, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 2 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/2020).
Реферат У.бр.114/2020

7. Уредба со законска сила за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020 од 14 април 2020 год.).
Реферат У.бр.120/2020

8. Уредба со законска сила за примена на одредбите од Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување за време на вонредна состојба, бр.44-2882/1, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 7 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020).
Реферат У.бр.138/2020

9. Уредба со законска сила за примена на Законот за производи за заштита на растенијата за време на вонредна состојба, бр.44-3061/1, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 13 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.100/2020).
Реферат У.бр.150/2020

10. Уредба со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-2832/1 од 03 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 90/2020)
Реферат У.бр.126/2020

11. Уредба со законска сила за утврдување на задачи на Армијата на Република Северна Македонија за време на траењето на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/20).
Реферат У.бр.73/2020

12. Уредба со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/20).
Реферат У.бр.125/2020

13. Уредба со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и преседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/20).
Реферат У.бр.141/2020