Соопштение

Соопштение од работниот состанок на судиите на Уставниот суд

Судиите на Уставниот суд, денес по завршувањето на XII седница на Судот, одржаа работен состанок на кој беше разгледана иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020).

По дискусијата од страна на сите судии, судиите едногласно зазедоа став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата.

Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост.

Притоа тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата.