Годишен извештај - Слободен пристап до информации од јавен карактер

Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/2019), Уставниот суд на Република Северна Македонија со седиште на Кеј „Димитар Влахов“ бр. 19, број на телефон (02) 3119 355 и веб страна www.ustavensud.mk. преку службеното лице Виолета Ѓорѓиевска го подготви следниот ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (од 1.01.2019 до 31.12.2019)

Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/2019), Уставниот суд на Република Северна Македонија со седиште на Кеј „Димитар Влахов“ бр. 19, број на телефон (02) 3119 355 и веб страна www.ustavensud.mk преку службеното лице Виолета Ѓорѓиевска го подготви следниот

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

(од 1.01.2019 до 31.12.2019)

Службено лице задолжено за посредување на информации во Уставниот суд на Република Северна Македонија како имател на информации е Виолета Ѓорѓиевска – советник за комуникација и информативно документациони работи за потребите на судиите, е–маил адреса vgjorgjievska@ustavensud.mk и телефон за контакт (02) 3230-944.

Во текот на предметната година, до Уставниот суд се поднесени шеснаесет (16) барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Постапувајќи по поднесените барања, одлучено е позитивно по четиринаесет (14) од нив, согласно член 20 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Одбиени се две (2) барања, согласно член 6 став 3 од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер по претходно спроведен тест на шетност со кој се утврди дека откривањето на информацијата би причинила штетна последица во форма на повреда на личниот интегритет.

Број на неодговорени барања: нема.

Вложена е една (1) жалба против Решение за одбивање на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, и постапувајќи по истата повторно е одбиена бараната информација согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. по претходно спроведен тест на шетност со кој се утврди дека откривањето на информацијата би причинила штетна последица во форма на повреда на личниот интегритет.

Број на усвоени жалби со одлука на Агенцијата; една (1).

Број на преиначени првостепени одлуки по постапување на Агенцијата: нема.

Број на одбиени жалби од Агенцијата и причини за нивно одбивање; нема.

Број на отфрлени жалби од Агенцијата и причини за нивно отфрлање: нема.

 

Скопје 17.01.2020 година

Службено лице за посредување
со информации од јавен карактер

Виолета Ѓорѓиевска