Соопштение

Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Ласло Иштван Дукс

На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Ласло Иштван Дукс,тема на разговор беа предизвиците со кои се соочува Судот и активностите кои се преземаат за нивно надминување.

Претседателот Мурати, го запозна амбасадорот со содржината на решенијата кои се содржани во нацрт-предлог законот за Уставниот суд, преку кои би се остварила буџетската и административната независност на Судот, како начин за целосно остварување на улогата на Уставниот суд и како орган на Републиката.

Покрај ова, беше акцентирана и работата на Уставниот суд изразена преку двата главни столба-заштитата на уставноста и законитоста и заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот која Судот ја врши за ограничен број слободи и права согласно член 110 алинеја 3 од Уставот.

На оваа средба, претседателот Сали Мурати, изрази искрени желби за соработка со Уставниот суд на Унгарија, заради размена на искуства од областа на уставно-судското работење.

Од страна на амбасадорот на Унгарија, Н.Е. д-р Ласло Иштван Дукс, беше изразена поддршка за активностите со кои беше запознат.