Решение У.бр.27/2019

У.бр.27/2019

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и („Службен весник на Република Северна Македонија“) бр.202/2019) на седницата одржана на 22.01.2020 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување на должности во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команда на корпус и во воени установи во кои службата се врши под трупни услови, донесена од Владата на Република Македонија на 28.02.2009 година („Службен весник на Република Македонија“бр.32/2009).

2. Борко Симовски од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија достави иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.

Според наводите на подносителот на иницијативата со оспорената одлука се повредувале член 8 став 1 алинеја 3, членот 51, член 52, член 68 став 1 алинеја 2, член 91 алинеја 1, член 110 алинеја и член 112 ставови 1 и 3 од Уставот на Република Северна Македонија чијашто содржина ја цитира во иницијативата.

Понатаму, подносителот на иницијативата наведува дека со оспорената одлука се повредувале членовите 243 и 248 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и примената на член 76 став 1 точка 3 под б) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 217/2015, 26/2016, 120/2016, 132/2016 и 35/2018).

Во членот 248 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 217/2015, 26/2016, 120/2016, 132/2016 и 35/2018), се наведува дека:

Со денот на влегувањето на сила на овој закон престануваат да важат Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” број 80/93, 3/94, 14/95, 71/96, 32/97, 24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005, 70/2006, 153/2007, 152/2008, 161/2008, 81/2009, 156/2009, 83/10, 156/10, 24/11, 51/11 и 11/12) и Законот за матичната евиденција на осигурениците и корисниците на права од пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 16/2004, 55/2007, 102/2008 и 51/11).

Оттука, според подносителите со влегување во сила на постојниот Закон за пензиското и инвалидското осигурување се губи основот, правното дејство и примената во правниот поредок на оспорената одлука .

Според член 243 од Законот, подзаконските акти чие донесување е предвидено со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Во членот 76 од Законот во делот „Осигуреници од одбраната“ е предвидено дека: На осигурениците од членот 11 став (1) точка 2 од овој закон стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, и тоа:

1) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 18 месеци стаж на осигурување во:
а) летечка служба – на должност активен пилот, извидувач, радист, автомеханичар, аерофотограф или на други должности на кои вршеле летачка служба или како припадник на органот на санитетска служба на испитување и тренирање на летачите или за испитување на заштитната опрема во барокоморите, односно во авионите, ако при такво испитување и тренирање летале најмалку 90 часа годишно;
б) падобранска служба – на должности активен падобранец;
в) должност на нуркач и г) должности во единиците за специјална намена;

2) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 16 месеци стаж на осигурување во:
а) вршење работи на член на специјален експериментален екипаж за испитување на вооружување во фаза на освојување на производство и завршни експерименти и испитување, ако на експериментите и испи- тувањата помине просечно најмалку половина од вкупното годишно работно време;
б) вршење работи на радиолошка, биолошка и хемиска заштита во лабараториски и полигонски услуги, што ќе ги утврди министерот за одбрана и
в) вршење работи на електронско извидување и работи на криптозаштита, безбедност и разузнавачки и контраразузнавачки работи и воена полиција и

3) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување во:
а) вршење работи на радарски уреди на кои се изложени на радарски зрачења, и тоа: лице кое врши поправка, посложени дотерувања и испитувања или работи како инструктор – наставник на поправка на радар- ски уреди, ако на тие работи помине просечно најмалку три четвртини од вкупното годишно работно време и
б) вршење должност во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команда на корпус и во воени установи во кои службата се врши под трупни услови, а кои ги утврдува Владата на Република Македонија по предлог на министерот за одбрана.

Предлагачот, Министерството за одбрана, задолжително требало да постапи согласно одредбите од постојниот Закон за пензиското и инвалидското осигурување и во рок од 30 дена да достави предлог до Владата на Република Македонија на кој начин ќе се обезбеди законитост во примената на членот 76 став 1 точка 3 под б) за сите вработени во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија.

Исто така, подносителот на иницијативата наведува дека не само што се губи основот за постоење на оспорената одлука, туку таа во преамбулата содржи поими и имиња на команди и единици кои не постојат во Законот за одбрана, Законот за служба во Армијата на Република Македонија ниту во формациите од 2006 година па наваму со што се создава правна несигурност.

Со оглед на фактот Министерството за одбрана не постапило согласно член 243 и 248 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување од 2012 година до денес,ниту ,пак, Владата донела Одлука согласно член 76 ста1 точка 3 под б), во конкретниов случај непостоењето на таков акт не може негативно да се одрази на правата на вработените во Министерството за одбрана утврдени со закон.

Непостапувајќи по одредбите од постојните закони, се прави штета на дел од вработените кои се ставаат во неповолна положба и се дискриминирани, бидејќи на старешините во униформа им се укинува бенифицираниот стаж 12/15 како и минималниот додаток од 40 бода, со одлука со постојниот закон за пензиското и инвалидското осигурување не е веќе во правниот поредок.

Со оглед на наведеното, подносителот на иницијативата му предлага на Судот да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одлука и да донесе одлука за поништување на истата.

Воедно, подносителот, бара 1.Министерството за одбрана да се задолжи да обезбеди законитост во примената на член 76 став 1 точка 3 под б) од постојниот закон за пензиското и инвалидското осигурување за сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, а за старешините во униформа да им се обезбеди бенифициран стаж 12/15 како и минималниот додаток од 40 бода согласно Законот за служба ва Армијата; 2. Министерството за одбрана оваа правна материја да ја регулира и усогласи со Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 217/2015, 26/2016, 120/2016, 132/2016 и 35/2018), за сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

3.Судот на седницата утврди дека врз основа на член 94 став 1 точка 3 под б) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/1993, 4/1994, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005, 70/2006, 153/2007, 152/2008 и 161/2008), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 28.02.2009 година донела Одлука за утврдување на должности во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команда на корпус и во воени установи во кои службата се врши под трупни услови, донесена од Владата на Република Македонија на 28.02.2009 година („Службен весник на Република Македонија“бр.32/2009).

Во членот 1 од Одлуката е предвидено дека:

Со оваа одлука се утврдуваат должностите во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команди и во Службата за воено здравство, во кои службата се врши под трупни услови во Министерството за одбрана и во постојниот состав на Армијата на Република Македонија, за чие вршење секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување.

Според членот 2 од Одлуката:

Како должности од членот 1 на оваа одлука се утврдуваат:
1. Должности во трупа заклучно со бригада и соодветна единица:
– должности во единица заклучно со бригада и соодветна единица, кои се пополнуваат со воени старешини и професионални војници;
– должности на лекар и медицински техничар во трупа кои се пополнуваат со цивилни лица.
2. Должности во команди во кои службата се врши под трупни услови:
– должности во оперативен центар во Генералштабот на Армијата на Република Македонија и Здружената оперативна команда;
– должности во Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња;
– должности во Секциите за обука;
– должности на полигоните и камповите за обука;
– должности на стрелишта;
– должности во Центарот за обука;
– работа во лаборатории и одделенија во Службата за воено здравство, надлежностите за кои за дијагностика и лечење се применуваат радиорендгентски и други зрачења штетни по здравјето и работа во Институтот за превентивна медицина и тоа:
– раководител на Одделение за радиологија;
– радиолог во Одделение за радиологија;
– главен радиолошки технолог, воедно ракувач на санитетски материјални средства во Одделение за радиологија;
– радиолошки технолог во Одделение за радиологија;
– радиолошки техничар во Одделение за радиологија;
– физичар во Одделение за медицина на трудот;
– раководител на Одделение за превентивна медицина;
– главен медицински техничар во Одделение за превентивна медицина;
– ракувач на ИнМС и СнМС на институт за превентивна медицина.

Во членот 3 пак, од Одлуката е предвидено дека:

Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

4. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Во членот 51 од Уставот, е предвидено дека во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законот. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Согласно член 52 од Уставот на Република Македонија законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок што го утврдува Собранието со денот на објавувањето.

Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Во членот 68 од Уставот се определува дека Собранието на Република Македонија, покрај другото, донесува закони и дава автентично толкување на законите (став 1 алинеја 2).

Согласно член 91 алинеја 1 од Уставот, Владата на Република Македонија ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување.

Според член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Согласно член 112 став 1 од Уставот, Уставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со Уставот. Според ставот 3 од истиот член, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.

5. Во членот 94 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/1993, 4/1994, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, ,101/2005, 70/2006, 153/2007, 152/2008, 161/2008, 81/2009,156/2009, 83/2010, 156/2010, 24/2011, 51/2011 и 11/2012), кој важел во времето на донесување на оспорената Одлука во делот „Осигуреници од одбраната“ било предвидено дека:

На осигурениците во Министерството за одбрана и на службата во постојниот состав на Армијата на Република Македонија (војници по договор, помлади офицери и граѓански лица на служба на армијата) стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, и тоа:

1) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 18 месеци стаж на осигурување во:
а) летечка служба – на должност активен пилот, извидувач, радист, автомеханичар, аерофотограф или на други должности на кои вршеле летачка служба или како припадник на органот на санитетска служба на испитување и тренирање на летачите или за испитување на заштитната опрема во барокоморите, односно во авионите, ако при такво испитување и тренирање летале најмалку 90 часа годишно;
б)падобранска служба – на должности активен падобранец и
в) должност на нуркач;
г) должности во единиците за специјална намена; (Сл.весник на РМ бр.14/95)

2) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 16 месеци стаж на осигурување во:
а) вршење работи на член на специјален експериментален екипаж за испитување на вооружување во фаза на освојување на производство и завршни експерименти и испитување, ако на експериментите и испитувањата помине просечно најмалку половина од вкупното годишно работно време;
б) вршење работи на радиолошка, биолошка и хемиска заштита во лабараториски и полигонски услуги, што ќе ги утврди министерот за одбрана и
в) вршење на работи на електронско извидување и работи на криптозаштита, безбедност и разузнавачки и контраразузнавачки работи и воена полиција;

3) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување во:
а) вршење работи на радарски уреди на кои се изложени на радарски зрачења и тоа: лице кое врши поправка, посложени дотерувања и испитувања или работи како инструктор – наставник на поправка на радарски уреди, ако на тие работи помине просечно најмалку 3/4 од вкупното годишно работно време и
б) вршење должност во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команда на корпус и во воени установи во кои службата се врши под трупни услови, а кои ги утврдува Владата на Република Македонија по предлог на министерот за одбрана.

Во членот 248 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 217/2015, 26/2016, 120/2016, 132/2016 и 35/2018), се наведува дека:

Со денот на влегувањето на сила на овој закон престануваат да важат Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” број 80/93, 3/94, 14/95, 71,96, 32/97, 24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005, 70/2006, 153/2007, 152/2008, 161/2008, 81/2009, 156/2009, 83/10, 156/10, 24/11, 51/11 и 11/12) и Законот за матичната евиденција на осигурениците и корисниците на права од пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 16/2004, 55/2007, 102/2008 и 51/11).

Според член 243 од наведениот закон, подзаконските акти чие донесување е предвидено со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Во членот 76 од Законот во делот „Осигуреници од одбраната“ е предвидено дека: На осигурениците од членот 11 став (1) точка 2 од овој закон стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, и тоа:

1) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 18 месеци стаж на осигурување во:
а) летечка служба – на должност активен пилот, извидувач, радист, автомеханичар, аерофотограф или на други должности на кои вршеле летачка служба или како припадник на органот на санитетска служба на испитување и тренирање на летачите или за испитување на заштитната опрема во барокоморите, односно во авионите, ако при такво испитување и тренирање летале најмалку 90 часа годишно;
б) падобранска служба – на должности активен падобранец;
в) должност на нуркач и г) должности во единиците за специјална намена;

2) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 16 месеци стаж на осигурување во:
а) вршење работи на член на специјален експериментален екипаж за испитување на вооружување во фаза на освојување на производство и завршни експерименти и испитување, ако на експериментите и испи- тувањата помине просечно најмалку половина од вкупното годишно работно време;
б) вршење работи на радиолошка, биолошка и хемиска заштита во лабараториски и полигонски услуги, што ќе ги утврди министерот за одбрана и
в) вршење работи на електронско извидување и работи на криптозаштита, безбедност и разузнавачки и контраразузнавачки работи и воена полиција и

3) секои 12 месеци ефективно поминати на тие должности се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување во:
а) вршење работи на радарски уреди на кои се изложени на радарски зрачења, и тоа: лице кое врши поправка, посложени дотерувања и испитувања или работи како инструктор – наставник на поправка на радар- ски уреди, ако на тие работи помине просечно најмалку три четвртини од вкупното годишно работно време и
б) вршење должност во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команда на корпус и во воени установи во кои службата се врши под трупни услови, а кои ги утврдува Владата на Република Македонија по предлог на министерот за одбрана.

Од содржината на оспорената одлука произлегува дека Владата на Република Македонија истата ја донела согласно член 94 став 1 точка 3 под б) од Законот за пензиското и инвалидското („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/1993, 4/1994, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005, 70/2006, 153/2007, 152/2008, 161/2008, 81/2009, 156/2009, 83/2010, 156/2010, 24/2011, 51/2011 и 11/2012). Овој закон престанал да важи со донесување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012,166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 217/2015, 26/2016, 120/2016, 132/2016 и 35/2018), при што согласно член 243 од наведениот закон, подзаконските акти чиешто донесување е предвидено со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Тоа поточно значи дека Владата во рок од 30 дена од влегување во сила на законот била должна да донесе нова одлука, нешто што не е направено.

Со оглед на тоа што временскиот период на важење на оспорената одлука изминал, но истиот се уште егзистира во правниот поредок, како акт донесен врз основа на Закон којшто престанал да важи, со основ е тврдењето во иницијативата дека оспорената одлука нема свој законски основ и не може да егзистира во правниот поредок, од каде основано се поставува прашањето за нејзината согласност со уставните и законски одредби на кои се повикува подносителот на иницијативата.

6. Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Сали Мурати и судиите: Насер Ајдари, Елена Гошева, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојаноски.

У.бр.27/2019
22.01.2020 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Сали Мурати