Соопштение

Учество на Меѓународна конференција на тема „Слободата на изразување и уставнoтo право во Западен балкан“ во Приштина

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав од судијата на Уставниот суд, Насер Адјари и државниот советник Оливера Филиповска, на 5 декември 2019 година, учествуваа на Меѓународната конференција посветена на слободата на изразување, под покровителство на Советот на Европа (Канцеларија во Приштина), што се одржа во Приштина, Косово.

Судијата Насер Ајдари имаше излагање на тема: „Слободата на мислата и јавното изразување на мислата во праксата на Уставниот суд на Република Северна Македонија“.