Соопштение

Учество на семинар на тема „Правото на Енергетската Заедница“

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и генералниот секретар на Судот, Александар Лазов, присуствуваа на семинарот на тема „Правото на Енергетската Заедница“ организиран од Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Енергетската Заедница, што се одржа денес, 22 ноември 2019 година со почеток во 10.00 часот.

Семинарот е наменет за зголемување на свеста и знаењето на судството за Енергетската Заедница и за обврските од Договорот за нашата земја, како и за правилата на ЕУ/Енергетската Заедница во областа на енергијата, животната средина и пошироко, со цел промовирање на владеење на правото и хомогено толкување на правото на Енергетската Заедница во договорните страни.