Соопштение

Известување за одржување на јавна расправа

Уставниот суд на Република Северна Македонија на 06 ноември 2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.2/2019 што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на забрана на дискриминација врз основа на националното потекло кое ја подразбира и етничката припадност.

Јавната расправа ќе се одржи во Уставниот суд на Република Северна Македонија во салата за седници на Судот.