Решение У.бр.80/2019

У.бр.80/2019

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седницата одржана на 18.09.2019 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 08, (бул.Илинден, ул.Франклин Рузвелт, бул.Партизански Одреди и бул.8-ми Септември) донесена од Советот на Општина Карпош под бр.08-1483/5 од 20.02.2015 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2015).

2. Д-р Катерина Крстевска Савовска од Скопје до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение.

Според подносителот на иницијативата, оспорената одлука не била во согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 10, членот 43 и членот 51 од Уставот на Република Македонија, со член 15-а и член 28 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со членот 65 од Законот за животна средина.

Ова од причини што, Општина Карпош, при изготвувањето на оспорениот детален урбанистички план (ДУП), не ги почитувала наведените уставни и законски одредби, односно бил направен пропуст во постапката за донесување на навед