Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 5-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.02.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 11 став 2 во делот: „на денот на влегувањето во сила на овој закон“ од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 55/2013, 33/2015 и 104/2015).
Реферат У.бр.129/2018

2. Член 33 став 1 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води („Службен весник на Република Македонија“ бр.68/2004, 28/2006, 103/2008, 17/2011, 54/2011, 163/2011,10/2015, 147/2015 и 31/2016).
Реферат У.бр.130/2018

3. Член 19 став 1 од Законот за инспекцијата на труд („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/1997, 29/2002, 36/2011, 164/2013, 44/2014, 33/2015, 147/2015 и 21/2018).
Реферат У.бр.18/2019

4. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт „С 17“, Блок 1, Општина Гази Баба („Службен гласник на Општина Гази Баба“ бр.3/2017).
Реферат У.бр.123/2018