Решение У.бр.132/2017

У.бр.132/2017

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеи 2 и 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992), на седницатa одржана на 2 мај 2018 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на:
– член 2 точка 16;
– од главата II „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република на Македонија“ на членовите 4 , 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13;
– од главата III „Начин на стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител и континуирано професионално усовршување“ на членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19-а и 19-б;
– од главата IV „Вршење сметководствени работи“ на членовите 20 ставови 1,2,3,5,6,7,и 8; членови 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27 и 28 став 1;
– од главата V “Регистри“ на членовите 29, 30 став 1 точки 1,2,3,4,6,7 и 8, став 3, став 4 и став 5 и член 31;
– од главата VI „Дисциплинска постапка“ на членовите 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38 и 39;
– од главата VII „Контрола на работењето“ на член 41;
– од главата VIII „Надзор“ на членовите 42 и 43;
– од главата IX. „Прекршочни одредби“ на член 44 став 1 точки 1, 3 и 4; и членовите 45, 46, 46-ѓ, 47 и 47-а и
– од главата X „Преодни и завршни одредби“ на членовите 48, 49, 50 ставови 1, 2, 3, 5, 6 и 7; и членовите 51, 53 и 54 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017).

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на: член 19 ставови 1, 2 и 3; член 20 став 4; член 28 став 2; членот 30 став 1 точка 5; член 40; член 44 точка 2; член 45 став 1 точка 7; член 49 став 1 точки 1 и 2 и член 50 став 4 од Законот, наведен во точката 1 на ова решение.

3. Стамен Филипов од Скопје, до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста на одредбите од актот означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата со Законот за вршење на сметководствени работи бил формиран Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, како професионално здружение на сметководители и овластени сметководители, со правен статус на здружение, но без јавен статус (член 2 точка 26).

Во иницијативата е наведено дека со оспорените одредби на членовите од 4 до 54 од Законот, на наведеното здружение му се давале права и ингеренции, како да бил државен орган од највисок ранг или институција од јавен интерес, што било во спротивност на Уставот на Република Македонија. Со член 4 став 1 од Законот, било предвидено дека сметководителите на територијата на Република Македонија се организирале во Институт на сметководители и овластени сметководители, но никој не ги прашал дали сакаат да се организират во наведениот Институт, туку по сила на закон им било наметнато, што според Уставот не било дозволено, таквото организирање. Односно, со оспорените законски одредби на членовите 5 до 13 од Законот биле предвидени органите на Здружението-Институтот и нивните права и ингеренции, како да се работело за државен орган од највисок ранг, а не за здружение и поради тоа овие одредби биле спротивни на одредбите од Уставот на Република Македонија.

Според наводите во иницијативата во член 6 точка 2 од Законот, било уредено дека Институтот вршел контрола на работењето на вршителите на сметководствени работи, трговците поединци – сметководители и трговци поединци – овластени сметководители и друштва за вршење на сметководствени работи. Меѓутоа, ваквата одредба била спротивна на Законот за здруженија и фондации, бидејќи и институтот се водел како здружение и тоа било во спротивност на сите закони со кои биле уредени прашањата во врска со тоа дека контрола можеле да вршат само државните органи и институциите со јавни овластувања.

Исто така, во иницијативата е наведено дека со точката 8 на членот 6 од Законот, било уредено дека институтот организирал и спроведувал обука за континуирано професионално усовршување. Меѓутоа, ова прашање било веќе уредено со членот 154 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005…27/2016), која одредба се цитира во иницијативата: „Работникот има право и должност на постојано образование, дошколување и оспособување во согласност со потребите на работниот процес, со цел на одржување, односно унапредување на способноста за работа на работното место, како и зачувување на работното место. Работодавачот е должен да им обезбеди образование, дошколување и оспособување на работниците, ако тоа го бараат потребите на работниот процес или, ако со образованието, дошколувањето или оспособувањето може да се избегне откажување на договорот за вработување од лична или деловна причина. Во согласност со потребите на образованието, дошколувањето или оспособувањето на работниците работодавачот има право работникот да го упати на образование, дошколување или оспособување, а работникот има право и сам да се пријави. Траењето на образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците, како и правата и обврските на договорните страни пред и по завршувањето на образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците се уредуваат со посебен договор или со колективен договор. Работникот и работничкиот претставник имаат право на синдикално образование, согласно со колективен договор“.

Понатаму, во иницијативата се наведува дека со оспорените одредби на членовите од 14 до 18 од Законот, со кои бил предвиден начинот на стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител и континуирано професионално усовршување и на тој начин се ограничуваале правата на сметководствените работници, кои одредби биле во спротивност на Уставот на Република Македонија.

Во иницијативата, се цитираат член 19 ставови 1 и 2 од Законот, во кои било предвидено: „заради надградување на знаењето во областа на сметководството, сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година. Заради надградување на знаењето во областа на сметководството, овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година“. Овие одредби биле во спротивност на член 8 став 1 алинеите 1, 3, 6 и 7 и член 20 став 2 од Уставот на Република Македонија. Исто така во иницијативата се наведува дека оспорените одредби на член 19 став 3 од Законот, со кои се пропишувала задолжителна обука, која се спроведувала преку стручни организации, кои ги определувало Здружението – Институтот биле во спротивност на членот 55 од Уставот, според кои: се гарантирала слободата на пазарот и претприемништвото.

Според наводите во иницијативата во одредбата на член 19-а од Законот било предвидено дека по завршувањето на обуката, сметководителите полагале испит за проверка на знаењата и ако не го положеле тој испит, можело да им престане работниот однос односно не ќе можеле да бидат сметководители. Оттука, таквата одредба била во спротивност на член 32 став 2 и член 44 од Уставот и на сите закони со кои било уредено образованието. Ова, особено поради тоа што Здружението-Институтот немале ни акредитација, ниту било какво одобрение од надлежните државни органи, иако Институтот бил обично граѓанско здружение кое немало статус на јавен интерес.

Понатаму, во иницијативата се цитираат член 20 точки од 4 до 8 од Законот, во кои било пропишано дека: „за вршење на сметководствени работи за свои потреби обврзникот за водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи. Трговец поединец-сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци и здруженија и фондации. Трговец поединец-овластен сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци, здруженија и фондации и други непрофитни организации и друштва со ограничена одговорност. Друштво за вршење на сметководствени работи врши сметководствени работи за сите обврзници за водење на сметководство. Друштвото за вршење на сметководствени работи мора да има вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител“.

Во иницијативата е наведено дека: „Со член 23 од Законот пропишано е дека трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари во тековната година да му достават на Институтот список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во износот утврден во членот 21 став 2 точка 5 од овој закон“.

Во продолжение на иницијативата е наведено дека пропишаната дисциплинска постапка во глава VII „Контрола на работењето“, во глава VIII „Надзор“ во глава IX „Прекршочни одредби“ од Законот за вршење на сметководствени работи, биле во спротивност на член 8 став 1 алинеите 1, 3, 5 и 7, Амандманот 21, член 20 став 2, член 50 став 2, член 51, член 54 став 3 и член 55 од Уставот на Република Македонија.

Според наводите во иницијативата, согласно одредбата на член 50 став 4 од основниот текст на Законот за вршење на сметководствени работи, било предвидено дека лицата со над 25 години работно искуство во вршењето на сметковбодствени работи, министерот за финансии им издавал уверенија со трајна важност. Но, со последните измени и дополнувања во Законот, таквото право било условено, ако не се пријават во рок од 15 дена од денот на воспоставувањето на регистарот, го губеле таквото стекнато право без оглед дали лицето било во можност или не, и се изедначувале со почетниците, односно голем број сметководители го изгубиле таквото право, бидејќи не биле во можност благовремено да се пријават од разни причини (отсуство заради болест, странство и слично). Со ваквата изменета регулатива во Законот биле повредени основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот од член 8 став 1 алинеја 1 и член 54 став 3 од Уставот на Република Македонија и другите уставни одредби.

Во иницијативата е наведено дека: „Со Законот за вршење на сметководствени работи се врши изнуда на сите сметководствени работници во Република Македонија. Исто така, стопанството и непрофитните организации во Република Македонија се задолжуваат со енормно високи давачки, кои во голема мера негативно ќе влијаат на крајните финансиски резултати на истите, а со тоа ќе се остваруваат помали добивки, кои исто така ќе се одразат на штета на буџетот со намалување на приходот преку данокот на добивка, а наспроти тоа се во полза на здружението-институтот, кој со овој закон, по основ на монополска основа ќе остварува милионски суми за себе и неговите партнери. Не може да се замисли дека на едно здружение преименувано во институт да му се дадат толку големи и широки монополски права, без обврски, како да се работи за најголем државен орган или државна институција со целосно монополско притивуставно право и овластување. Здружението-институтот, според одредбата на член 50 став 2 од Законот, се изедначува со органите на државната управа или соодветна институција од јавен интерес, што е во спротивност, како на Уставот, исто така и на сите закони пропишни со Уставот. Само да се знае дека во текот само на 2017 година, здружението-институтот заедно со неговите партнери наплатија од сметководителите и стопанството преку 2.500.000 евра“.

Според наводите во иницијативата оспорените законски глави и одредби не биле во согласност со член 8 став 1 алинеи 1, 3, 6, 7 и 11, член 20 став 2, член 32, член 50 став 2, член 51, член 54 став 3 и член 55 од Уставот на Република Македонија. При одлучувањето за основаноста на оваа иницијатива се предлага да се има во предвид и тоа што „предметниот Закон од 2012 година до сега бил менуван и дополнуван дури шест пати, што било доказ дека нешто очигледно со овој закон не е во ред од уставно-правен аспект. Само во 2014 година и 2015 година бил менуван и дополнуван по два пати“.

4. Судот на седница утврди дека согласно член 1 од Законот за вршење на сметководствени работи, објавени во („Службен весник на РМ” бр. 95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017) се уредуваат условите на вршење на сметководствени работи, субјектите кои вршат сметководствени работи, условите за стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител, организацијата и работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на сметководствени работи.

Според член 2 став 1 од Законот, се определени одделни поими употребени во овој закон кои го имаат следново значење: 5. „Испит за проверка на знаење” е испит што го организира и спроведува Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија согласно одредбите од овој закон. 16. „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија“ е професионално здружение на сметководители и овластени сметководители основано согласно со овој закон;(оспорена точка). 17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување објавени во „Службен весник на Република Македонија“. 18. „МСФИ за МСС“ е Меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти објавени во „Службен весник на Република Македонија“; 19. „IFAC“ е Меѓународна федерација на сметководители и 20. „Континуирано професионално усовршување“ е постојано стручно усовршување со цел за надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.

Во главата II „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република на Македонија“ член 4 став 1 е утврдено дека сметководителите и овластените сметководители на територијата на Република Македонија се организираат во Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (во натамошниот текст: Институтот). (2) Институтот има својство на правно лице. Статусот на правно лице го стекнува со упис во Регистарот на други правни лица кој се води во Централниот регистар на Република Македонија. (3) Седиштето на Институтот е во Скопје. (4) Институтот формира подружници на територијален принцип за една или повеќе единици на локалната самоуправа. Подружниците немаат својство на правно лице. (5) Работите во врска со работењето на Институтот ги врши стручна служба на Институтот. Со стручната служба раководи секретар избран преку јавен оглас. (6) Институтот има Статут. Со Статутот на Институтот особено се уредува организацијата, управувањето, работењето, финансирањето и претставувањето на членовите во Собранието.

Според член 5 став 1 од Законот е уредено дека органи на Институтот се Собрание, Надзорен одбор, Управен одбор и претседател. (2) Заради вршење на работите од својот делокруг Институтот формира дисциплинска комисија, а може да формира и други постојани и времени комисии утврдени со Статутот на Институтот. (3) Членовите на органите и комисиите се избираат од редот на членовите на Институтот.

Во член 6 став 1 од истиот закон е уредено дека Институтот особено ги врши следниве работи: 1) води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на трговци поединци – сметководители, Регистар на трговци поединци – овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење на сметководствени работи; 2) врши контрола на работењето на вршителите на сметководствени работи, трговците поединци – сметководители и трговците поединци – овластени сметководители и друштвата за вршење на сметководствени работи; 3) организира и спроведува испит за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител. 4) издава уверение за сметководител и уверение за овластен сметководител; 5) издава и одзема лиценци за работа на трговците поединци – сметководители, трговците поединци – овластени сметководители и друштвата за вршење на сметководствени работи; 6) одлучува по барањата за одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство; 7) организира и спроведува испит одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство; 8) организира и спроведува обука за континуирано професионално усовршување; 9) ја следи примената на Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC; 10) ги преведува МСФИ и МСФИ за МСС; 11) соработува со други соодветни професионални тела во Република Македонија и во странство и 12) врши други работи утврдени со овој закон.

Според член 7 став 1 од Законот за вршење на сметководствени работи, Собранието на Институтот го сочинуваат сите сметководители и овластени сметководители. Во Собранието сметководителите и овластените сметководители ги претставуваат избрани претставници од подружниците на Институтот. (2) Собранието на Институтот: 1) го донесува Статутот на Институтот; 2) ја утврдува висината на членарините; 3) ја утврдува висината на надоместоците за издавање на лиценци за работа, 4) ја донесува програмата за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител. 5) ја донесува програмата за одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство;6) ја утврдува висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител;7) ја утврдува висината на надоместокот за издавање на уверение за сметководител, односно овластен сметководител; 8) ја утврдува висината на надоместокот за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство; 9) ги избира и отповикува претседателот и членовите на Надзорниот одбор и на комисиите; 10) ја донесува годишната програма за континуирано професионално усовршување; 11) го утврдува надоместокот за континуирано професионално усовршување; 11-а) го утврдува начинот на спроведување и полагање на испитот за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител; 11-б) ги утврдува критериумите за избор на правните и физичките лица со кои Институтот го спроведува континуираното професионално усовршување; 12) ја донесува годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец -овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи; 13) ја донесува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот; 14) ги усвојува годишната сметка и годишниот извештајот за работа на Институтот; 15) одлучува за формирање и престанок на подружниците на Институтот; 16) го донесува актот со кој се утврдува висината на платите за вработените во стручната служба и 17) одлучува за други прашања согласно со овој закон. (3) Министерството за финансии дава согласност на актите од ставот (2) точки 1), 2), 4), 5), 10), 12), 13) и 14) на овој член. (4) Институтот ги утврдува надоместоците од ставот (2) точки 3), 6), 7), 8) и 11) на овој член со тарифник врз основа на реално направените трошоци. (5) Владата на Република Македонија дава согласност на тарифникот од ставот (4) на овој член. (6) Собранието ги избира претседателот и членовите на Надзорниот одбор и на комисиите по пат на јавен оглас и по претходно добиено позитивно мислење од министерот за финансии. (7) Во случај на отповикување на претседателот и членовите на Надзорниот одбор Собранието, по можност веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на отповикувањето, избира нов претседател и нови членови на Надзорниот одбор. (8) Актите на Собранието се објавуваат на интернет страницата на Институтот наредниот ден од денот на усвојувањето, односно донесувањето. (9) Работата на Собранието се уредува со деловник за работа.

Согласно член 8 став 1 од Законот, Собранието на Институтот редовно се состанува еднаш годишно и тоа најдоцна до 31 март. Седниците на Собранието се одржуваат доколку присуствуваат најмалку половина од вкупниот број избрани претставници од подружниците на Институтот. Одлуките Собранието ги носи со просто мнозинство од присутниот број членови на седницата. (2) Седниците на Собранието ги свикува претседателот на Институтот врз основа на одлука на Управниот одбор или на писмено барање на најмалку една половина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот. (3) Претседателот на Институтот ќе свика седница на Собранието во рок од 30 дена од денот на донесувањето на одлуката на Управниот одбор, односно од поднесеното писмено барање на избраните претставници од подружниците на Собранието. (4) Доколку претседателот на Институтот не свика седница на Собранието во рокот утврден во ставот (3) на овој член, седницата ќе ја свика претседателот на Надзорниот одбор во рок од седум дена по истекот на рокот од ставот (3) на овој член. (5) Доколку претседателот на Надзорниот одбор не свика седница на Собранието во рокот од ставот (4) на овој член, седницата ќе ја свика министерот за финансии. Седницата ја води работно претседателство од три члена избрани од присутните членови на седницата на Собранието.

Во член 9 став 1 од овој закон, Надзорниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од три години. (2) Членовите на Надзорниот одбор не можат да бидат членови на други органи и комисии на Институтот. (3) Седниците на Надзорниот одбор ги свикува и со нив претседава претседателот на Надзорниот одбор. (4) Доколку претседателот на Надзорниот одбор од кои било причини не е во можност да ја врши функцијата или е отсутен, со состаноците на Надзорниот одбор претседава член на Надзорниот одбор избран со мнозинство гласови на присутните членови на Надзорниот одбор. (5) Надзорниот одбор одлуките ги донесува со јавно гласање и со мнозинство гласови од присутните членови. (6) Надзорниот одбор на Институтот: 1) врши периодични контроли на материјалното и финансиското работење на Институтот; 2) ги избира и отповикува претседателот и членовите на Управниот одбор по претходно позитивно мислење од министерот за финансии; 3) ја разгледува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот и дава мислење по истата до Собранието; 4) ја разгледува годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот и дава мислење по истата до Собранието; 5) го одобрува деловникот за работа на Управниот одбор; 6) ги разгледува извештаите за работењето на Управниот одбор; 7) врши контрола над работењето на Институтот согласно со закон, Статутот и другите акти на Институтот; 8) предлага мерки кои треба да бидат преземени за спроведување и отстранување на неправилностите и незаконитостите во работата на Институтот; 9) поднесува извештај за своето работење до Собранието на Институтот и до министерот за финансии заради нивно информирање и 10) врши други работи согласно со овој закон. (7) Во случај на отповикување на претседателот и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор, по можност веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на отповикувањето, избира нов претседател и нови членови на Управниот одбор.

Со член 10 став 1 од Законот е утврдено дека со Институтот управува Управен одбор. (2) Управниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од пет години. (3) Управниот одбор на Институтот: 1) ги подготвува и предлага годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот; 2) ги подготвува годишната сметка и годишниот извештај за работењето на Институтот; 3) ја предлага висината на членарините; 4) ја предлага висината на надоместокот за издавање на лиценци за работа; 5) ја предлага висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител; 6) ја предлага висината на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител без полагање испит; 7) ја предлага висината на надоместокот за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство согласно со членот 16 од овој закон; 8) одлучува за упис и бришење на членовите во регистрите на Институтот 9) ја предлага годишната програма за континуирано професионално усовршување; 10) ја предлага годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи; 11) ја предлага програмата за полагање на испит за проверка на знаењето на сметководител, односно овластен сметководител;12) ја предлага програмата за одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство; 13) ги разгледува извештаите од извршената контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи и покренува дисциплинска постапка или поднесува барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд; 14) издава и одзема лиценци за работа;15) ги предлага членовите на комисиите; 16) го предлага актот со кој се утврдува висината на платите за вработените во стручната служба на Институтот; 17) одлучува за прием на донации; 18) се грижи за наплата на членарините; 19) ги извршува одлуките на Собранието на Институтот; 20) го донесува етичкиот кодекс на Институтот; 21) дава предлози и соработува со надлежните институции во врска со прописите од областа на сметководството и 22) врши други работи согласно со овој закон. (4) Седница на Управниот одбор свикува и со неа раководи претседателот на Управниот одбор. Седница на Управниот одбор може да се свика и на барање на мнозинство од вкупниот број членови на Управниот одбор. (5) За полноважност на одлуките на Управниот одбор е потребно на седницата да присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Управниот одбор. Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Управниот одбор.(6) Во случај на спреченост на претседателот неговите должности ги врши најстариот член на Управниот одбор.(7) Одлуките на Управниот одбор се објавуваат на интернет страницата на Институтот. (8) Управниот одбор еднаш годишно до Надзорниот одбор поднесува извештај за своето работење.

Според член 11 став 1 од Законот е уредено дека претседателот на Институтот истовремено е и претседател на Управниот одбор. (2) Претседателот на Институтот: 1) го претставува и застапува Институтот; 2) се грижи Институтот да работи согласно со закон; 3) ги спроведува одлуките на Собранието на Институтот; 4) потпишува налози за исплата од сметката на Институтот; 5) одлучува по приговори по изречени мерки во дисциплинска постапка; 6) ја извршува одлуката донесена во дисциплинска постапка и 7) врши други работи предвидени со овој закон. (3) За претседател на Институтот може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да 1) има звање овластен сметководител;2) има најмалку пет години работно искуство во вршење на сметководствени работи и 3) е државјанин на Република Македонија. (4) Мандатот на претседателот е пет години.(5) Предлог за отповикување на претседателот на Институтот до Надзорниотодбор поднесува најмалку половина од членовите на Управниот одбор или половина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот.

Во членот 12 од Законот е уредено дека Регистарот на сметководителите, Регистарот на овластените сметководители, Регистарот на трговците поединци – сметководители, Регистарот на трговците поединци – овластени сметководители и Регистарот на друштвата за вршење на сметководствени работи се чуваат трајно, а документите во врска со работењето на Институтот се чуваат десет години.

Според член 13 став 1 од овој закон е утврдено дека Институтот средствата за финансирање на своето работење ги обезбедува од следниве извори: 1) годишни членарини од вршители на сметководствени работи; 2) надоместоци за издавање на лиценци за работа;3) надоместоци за полагање испит за проверка на знаењето сметководител и овластен сметководител; 4) надоместоци за издавање уверенија за сметководител, односно овластен сметководител; 5) надоместоци за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство; 6) надоместоци од спроведување на континуираното професионално усовршување; 7) приходи од продажба на стручни публикации; 8) донации и 9) наплатени парични казни за изречени дисциплински мерки. (2) Надоместоците од ставот (1) точки 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член ќе се утврдат согласно со реално направените трошоци за печатење и издавање на лиценците за работа, уверенијата за сметководител и овластен сметководител, за_организирање на полагањето на испит за проверка на знаењето на сметководител и овластен сметководител и за организирање на континуираното професионално усовршување. (3) Институтот обезбедените средства од ставот (1) на овој член ги користи согласно со годишниот финансиски план. (4) Нереализираните средства од годишниот финансиски план за тековната години се пренесуваат во годишниот финансиски план за наредната година.

Во главата III „Начин на стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител и континуирано професионално усовршување“ во член 14 став 1 е утврдено дека со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое ги исполнило условите од членовите 15 и 16 од овој закон и се стекнало со трајно уверение за сметководител, односно овластен сметководител од Институтот.

Според член 15 став 1 од Законот е утврдено дека, лицето кое сака да се стекне со статус на сметководител или овластен сметководител до Институтот поднесува писмено барање за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител. (2) Кон барањето за стекнување уверение за сметководител задолжително се доставува: 1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството, или 2) доказ (уверение) за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството, или 3) (доказ) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една години од областа на сметководството и 4) доказ за уплата на надоместокот за добивање трајно уверение за сметководител. (3) Кон барањето за стекнување уверение за овластен сметководител задолжително се доставува: 1) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС); 2) потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството. 3) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител. (4) Документите од ставовите (2) и (3) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар. (5) На лицето кое ги исполнува условите од ставот (2), односно ставот 3 од овој член, Институтот му издава уверение за сметководител, односно за овластен сметководител во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето. (6) Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член, како и формата и содржината на уверението за сметководител, односно овластен сметководител ги пропишува министерот за финансии.

Согласно член 16 став 1 од Законот е уредено дека лице кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител на начин и услови утврдени со овој закон. (2) Лицето од ставот (1) на овој член за стекнување на статус овластен сметководител до Институтот е должно да достави барање и:1) лиценца за овластен ревизор во оригинал или копија заверена на нотар и 2) доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител. (3) Институтот на лицето од ставот (1) на овој член му издава уверение за овластен сметководител во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето. (4) Овластениот ревизор кој стекнал уверение за овластен сметководител не може кај едно правно лице истовремено да врши работи на овластен сметководител и на овластен ревизор.

Според член 17 став 1 од Законот е утврдено дека сметководствени работи во Република Македонија може да врши и лице државјанин на Република Македонија кое има стекнато квалификација за сметководител, односно овластен сметководител во странство, доколку: 1) професионалната квалификација стекната во странство е соодветна на професионалната квалификација стекната согласно со овој закон и 2) успешно го положи испитот спроведен од Институтот со кој се обезбедува дека има адекватно знаење од областа на законската регулатива во Република Македонија релевантна за вршење на сметководствени работи. (2) Лицето од ставот (1) на овој член барањето и потребната документација за стекнување со статус на сметководител, односно овластен сметководител ги доставува до Институтот, а ги одобрува Управниот одбор на Институтот. (3) Кон барањето од ставот 2 на овој член се приложуваат следниве документи: 1) диплома за завршено образование; 2) документ издаден од надлежен орган за професионалната квалификација на лицето и 3) доказ за уплатен надоместок за полагање на испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство. (4) Документите од ставот (3) на овој член лицето ги доставува во оригинал или копија заверена на нотар, односно во нотарски заверен превод. (5) Институтот во случај на неуредно или нецелосно доставено барање има обврска во рок од пет дена по приемот на барањето да го извести лицето за неуредноста или нецелосноста на барањето, а по потреба може да побара и дополнителни докази. (6) Во текот на постапката Институтот може да побара мислење од надлежната комора или друг професионален орган или организација во државата во која ја стекнал професионалната квалификација во врска со поднесеното барање. (7) Мислењето добиено од комората или друг професионален орган или организација не е задолжително за Институтот. (8) Доколку барањето на лицето е уредно и целосно и доколку лицето ги исполни условите од ставот (1) на овој член Институтот му издава уверение за сметководител или овластен сметководител и го запишува во соодветниот регистар.

Во член 18 став 1 од Законот е уредено дека, лицето кое добило уверение за сметководител, односно овластен сметководител стекнува право за вршење на сметководствени работи со уписот во Регистарот на сметководители, односно Регистарот на овластени сметководители. (2) Уписот во регистрите од ставот (1) на овој член го врши Институтот врз основа на барање поднесено на пропишан образец кон кое задолжително се приложуваат следниве документи: 1) уверение за сметководител, односно овластен сметководител во копија; 2) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не му е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, во оригинал или копија заверена на нотар и 3) доказ за уплата на членарина. (3) Документот од ставот (2) точка 1) на овој член се обезбедува од евиденцијата на Институтот. (4) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за упис во регистрите од ставот (1) на овој член е должно документот од ставот (2) точка 2) на овој член по службена должност да го побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. (5) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого е побаран документот е должно истиот да го достави до Институтот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член. (6) Институтот е должен да го изврши уписот во регистарот од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето. (7) Формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии. (8) Лицето од ставот (1) на овој член барањето за упис во регистарот го поднесува во рок од 60 дена од денот на стекнувањето на уверението за сметководител, односно овластен сметководител, во спротивност истото го губи правото на упис во регистарот.

Според член 19 став 1 од Законот е уредено дека заради надградување на знаењето во областа на сметководството, сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 60 часа за период од три години, при што најмалку 10 часа во текот на една година. (2) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството, овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година. (3) Обуката од ставовите (1) и (2) на овој член ја организира и спроведува Институтот во соработка со други правни лица кои спроведуваат стручно усовршување и едукација од областа на сметководството, финансиите или даноците и физички лица со соодветни квалификации од наведените области. (4) Поблиските критериуми за избор на правните и физичките лица од ставот (3) на овој член ги утврдува Собранието на Институтот.

Согласно член 19-а став 1 од овој закон, по завршување на обуките од членот 19 ставови (1) и (2) од овој закон, сметководителот, односно овластениот сметководител полага испит за проверка на знаењето. (2) Испитот од ставот (1) на овој член го организира Институтот најмалку еднаш годишно, а го спроведува Комисија за спроведување на испитот составена од: 1) две лица предложени од министерот за финансии, 2) еден универзитетски професор од областа на економијата или бизнисот избран од Институтот по пат на јавен оглас и 3) претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот. (3) Испитот се полага писмено во форма на тест со испитни прашања и вежби (примери на случај) подготвени врз основа на градивото од обуката за континуирано професионално совршување. Секое прашање и вежба носи одреден број поени. (4) Комисијата од ставот 2 на овој член ги подготвуваат испитните прашања и вежби, ги утврдуваат поените и ги оценуваат тестовите. (5) Испитот се смета за положен доколку се постигнат 70% од можните поени. (6) Начинот на спроведување и полагање на испитот поблиску го пропишува Собранието на Институтот.

Согласно член 19-б став 1 од Законот е утврдено дека сметководителот, односно овластениот сметководител кој нема да го положи испитот за проверка на знаењето се брише од регистарот во кој е запишан. (2) Доколку лицето од ставот (1) на овој член го положи испитот во следните две години, може да поднесе барање за повторно запишување во соодветниот регистар. (3) Институтот го одзема уверението на сметководител, односно овластен сметководител доколку не го положи испитот во рокот од ставот (2) на овој член. (4) Лицето од ставот (3) на овој член не може да поднесе барање за добивање уверение во согласност со овој закон во следните три години.

Во главата IV „Вршење на сметководствени работи“ во член 20 став 1 од овој закон, сметководствени работи врши сметководител и/или овластен сметководител кој добил уверение од Институтот и е регистриран во соодветниот регистар на Институтот. (2) Сметководителот води трговски/ деловни книги за сите обврзници за водење на сметководство и составува и потпишува годишна сметка за трговци поединци и здруженија и фондации. (3) Овластениот сметководител води трговски/деловни книги и/или составува и потпишува годишна сметка и/или финансиски извештаи за сите обврзници за водење на сметководство.(4) За вршење на сметководствени работи за свои потреби обврзникот за водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител или со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи.(5) Трговец поединец – сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци и здруженија и фондации. (6) Трговец поединец – овластен сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци, здруженија и фондации и други непрофитни организации и друштва со ограничена одговорност. (7) Друштво за вршење на сметководствени работи врши сметководствени работи за сите обврзници за водење на сметководство. (8) Друштвото за вршење на сметководствени работи мора да има вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител.

Согласно член 21 став 1 од овој закон, е уредено дека трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи може да врши сметководствени работи по добивање на лиценца за работа од Институтот и запишување во соодветниот регистар. (2) За добивање лиценца за работа субјектите од ставот (1) на овој член до Институтот поднесуваат барање на пропишан образец. Кон барањето задолжително се приложуваат следните документи: 1) решение за упис во Трговскиот регистар кај Централниот регистар на Република Македонија; 2) список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот; 3) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење на одделна дејност; 4) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот регистар на Република Македонија; 5) доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени работи), и тоа за: Службен весник на Република Македонија – трговец поединец – сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан, – трговец поединец – овластен сметководител на износ од минимум 5.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и – друштво за вршење на сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и 6) доказ за уплатен надоместок за издавање лиценца за работа. (3) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за издавање на лиценца за работа на трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи е должно документите од ставот 2 точки 1), 3) и 4) на овој член по службена должност да ги побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. (4) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого се побарани документите е должно истите да ги достави до Институтот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член. (5) Документите од ставот (2) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар. (6) Институтот е должен да издаде лиценца во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето. (7) Институтот 086 о со решение го одбива барањето за издавање лиценца, доколку барањето е некомплетно или не се исполнети условите од ставот (2) на овој член и членот 20 став (8) од овој закон. Решението со кое се одбива барањето мора да биде образложено. (8) Против решението од ставот (7) на овој член трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. (9) Формата и содржината на лиценцата за работа од ставот (1) на овој член и на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии.

Според член 22 став 1 од Законот е утврдено дека упис во Регистарот на трговци поединци – сметководители, Регистарот на трговци поединци – овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи врши Институтот врз основа на барање на пропишан образец. (2) Институтот е должен да го изврши уписот во соодветниот регистар од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето. (3) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за финансии.

Согласно член 23 од Законот, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари во тековната година да му достават на Институтот список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со Службен весник на Република Македонија регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар во Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во износот утврден во член 21 став (2) точка 5 од овој закон.

Со член 24 став 1 од Законот, е уредено дека Институтот со решение ја одзема лиценцата на трговецот поединец -сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи, ако: 1) лиценцата е издадена врз основа на неточни податоци; 2) повеќе не се исполнети условите врз основа на кои е издадена лиценцата; 3) е покрената стечајна постапка или се спроведува ликвидација на друштвото и 4) трајно се избрише од соодветниот регистар. (2) Против решението од ставот (1) на овој член трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

Во член 25 став 1 од овој закон, е утврдено дека за вршење на сметководствени работи се склучува договор во писмена форма со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски меѓу обврзникот за водење на сметководство и трговецот поединец, односно друштвото за вршење на сметководствени работи. (2) Трговецот поединец, односно друштвото за вршење на сметководствени работи не смее договорените работи да ги отстапи на друг трговец поединец, односно друштво за вршење на сметководствени работи.

Според член 26 од овој закон е уредено дека сметководителот, односно овластениот сметководител е должен да ја чува класифицираната информација со соодветен степен на тајност која ја дознал во текот на вршењето на сметководствените работи согласно со Законот за класифицирани информации, како и да ги заштити личните податоци кои ги дознал во текот на вршењето на сметководствените работи согласно со Законот за заштита на личните податоци.

Согласно член 27 од Законот е утврдено дека сметководствени работи може да врши и странско физичко или правно лице од државите членки на Европската Унија кое ги исполнува условите за вршење на сметководствени работи во земјата во која е регистрирано.

Според член 28 став 1 од Законот е уредено дека сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец -сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител, односно друштвото за вршење на сметководствени работи се независни и самостојни во вршењето на сметководствените работи. (2) Сметководствени работи не може да врши: 1) сметководител, односно овластен сметководител кој е со над 2% од акциите со право на глас, односно влоговите кај обврзникот за водење на сметководство и 2) трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководител, односно друштво за вршење на сметководствени работи кој е акционер или вложувач со над 2% од акциите со право на глас, односно влоговите кај обврзникот за водење на сметководство.

Во главата V „Регистри“ во член 29 став 1 од Законот е определено дека Институтот води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на трговци поединци – сметководители, Регистар на трговци поединци – овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење на сметководствени работи согласно со Законот за општата управна постапка. (2) Регистарот на сметководители и Регистарот на овластени сметководители, особено ги содржи следниве податоци: 1) име и презиме и регистарски број на сметководителот, односно овластениот сметководител; 2) датум на упис во регистарот; 3) назив, седиште и контакт податоци на правниот субјект каде што е вработен сметководителот, односно овластениот сметководител и 4) изречени дисциплински мерки. (3) Регистарот на трговци поединци – сметководители, Регистарот на трговци поединци – овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи, особено ги содржи следниве податоци: 1) назив, седиште, контакт податоци и регистарски број на трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи; 2) датум на упис во регистарот и 3) изречени дисциплински мерки. (4) Сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се должни да го известат Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената. (5) Институтот податоците од регистрите од ставот (1) на овој член ги објавува на својата веб страница и истите континуирано ги ажурира.

Според член 30 став 1 од Законот, сметководителот, односно овластениот сметководител се брише од соодветниот регистар: 1) на сопствено барање; 2) доколку при уписот во регистарот дал невистинитите податоци; 3) доколку лицето не го положи испитот за проверка на знаење од членот 19-а; 4) доколку не ја плати годишната членарина:5) Точката е укината, види: Одлука на Уставниот суд на РМ У.бр.141/2012 објавена во „Службен весник на РМ“ бр.102/2013 година. 6) доколку му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на професија или дејност; 7) ако му е одземена деловната способност и 8) во случај на смрт на сметководителот, односно овластениот сметководител. (2) Со бришење од регистарот сметководителот, односно овластениот сметководител го губи правото за вршење на сметководствени работи, и тоа: 1) трајно во случаите од ставот (1) точки 1, 2 и 7 на овој член; 2) за период од три години во случаите од ставот (1) точки 3 и 4 на овој член и 3) за периодот додека траат правните последици на судската пресуда односно додека трае забраната во случајот од ставот (1) точки 5 и 6 на овој член. (3) Одредбите од ставовите (1) точки 3 и 4 и (2) точка 2 на овој член нема да се применуваат доколку сметководителот или овластениот сметководител биде избран или именуван на јавна функција за периодот додека му трае мандатот. (4) За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор на Институтот донесува решение кое треба да биде образложено. (5) Против решението од ставот (4) на овој член сметководителот, односно овластениот сметководител може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

Согласно член 31 став 1 од Законот, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се брише од соодветниот регистар: 1) на сопствено барање; 2) со одземање на лиценцата за работа и 3) доколку е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија или дејност. (2) Со бришење од регистарот трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи го губат правото за вршење на сметководствени работи, и тоа: однос на работењето на Институтот и се даваат препораки и рокови за нивно отстранување. (3) Доколку во рокот определен во записникот од ставот (2) на овој член не се отстранат утврдените неправилности и/или незаконитостите и/или не се постапи во согласност со членот 9 став (6) точки 1, 2, 7 и 9 од овој закон, министерот за финансии дава предлог за отповикување на претседателот и членовите на Надзорниот одбор до Собранието на Институтот. (4) Доколку во рокот определен во записникот од ставот (2) на овој член не се отстранат утврдените неправилности и/или незаконитостите и/или не се 1) трајно во случаите од ставот (1) точки 1 и 2 на овој член и 2) за периодот додека трае забраната во случајот од ставот (1) точка 3 на овој член. (3) За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор донесува решение кое треба да биде образложено. (4) Против решението од ставот (3) на овој член трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. (5) За бришење на трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи од соодветниот регистар Управниот одбор по службена должност го известува Централниот регистар на Република Македонија.

Во главата VI „Дисциплинска постапка„ во членот 32 од Законот е утврдено дека дисциплинска постапка води дисциплинска комисија. (2) Дисциплинската комисија е составена од пет члена со мандат од две години. (3) Дисциплинска постапка против вршител на сметководствени работи се поведува на барање на Управниот одбор или по поднесена пријава од член на Институтот, освен од членовите на дисциплинската комисија, државен орган, правниот субјект каде што е вработен сметководителот, односно овластениот сметководител, како и други физички и правни лица за кои сметководителот, односно овластениот сметководител вршел сметководствени работи. (4) За сторена дисциплинска повреда на вршител на сметководствени работи дисциплинската комисија може да му ги изрече следниве дисциплински мерки: 1) јавна опомена; 2) парична казна; 3) времено бришење од соодветниот регистар на Институтот и 4) трајно бришење од соодветниот регистар на Институтот.

Согласно член 33 став 1 од Законот е утврдено дека дисциплинската мерка јавна опомена ќе му се изрече на сметководител, односно овластен сметководител, ако: 1) не ги чува на соодветен и правилен начин трговските/деловните книги и останатата сметководствена документација утврдена со закон; 2) не присуствува на седниците на органите на подружницата на Институтот и/или на седниците на органите на Институтот без писмено оправдание или претходна најава; 3) со своето однесување го нарушува угледот на сметководствената професија и 4) одбива или несовесно ги исполнува обврските определени со Статутот и актите на Институтот.

Со членот 34 од овој закон се уредува дека дисциплинската мерка парична казна во висина на една просечна месечна нето плата исплатена по вработен во Република Македонија за месецот во кој е изречена дисциплинската мерка, ќе му се изрече на сметководителот, односно овластениот сметководител кој ќе ја повтори повредата за која претходно му била изречена дисциплинска мерка јавна опомена.

Според член 35 став 1 од овој закон, дисциплинската мерка времено бришење од соодветниот регистар во траење од три години ќе му се изрече на сметководител, односно овластен сметководител, ако: 1) не ја почитува обврската за континуирано професионално усовршување во согласност со овој закон; 2) не го извести Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во соодветниот регистар во согласност со овој закон и 3) предизвика материјална штета на субјектот каде што е вработен при вршењето на сметководствените работи.

Согласно член 36 став 1 од Законот, дисциплинската мерка трајно бришење од соодветниот регистар ќе му се изрече на сметководител, односно овластен сметководител за: 1) повреда на пропис за водење сметководство со што сериозно се загрозува објективноста на трговските/деловните книги кои ги води, односно на годишната сметка и/или финансиските извештаи; 4) одавање класифицирана информација со степен на тајност определена согласно со закон; 5) одбивање да даде податоци на државни органи, правни лица и на граѓани, доколку давањето на податоците е пропишано со закон и 6) давање неточни податоци на државни органи, правни лица и на граѓани, доколку давањето на податоците е пропишано со закон.

Според член 37 став 1 од Законот, доколку во водење на дисциплинската постапка, дисциплинската комисија стекне сознанија дека е извршено кривично дело за дејствијата за кои се води постапката, ќе ја прекине постапката и ќе поднесе пријава до надлежниот орган за постапување. (2) Доколку во водење на дисциплинската постапка дисциплинската комисија стекне сознанија за корупција на вршител на сметководствени работи, ќе ја прекине постапката и ќе поднесе пријава до надлежниот орган за постапување.

Согласно член 38 став 1 од Законот, против одлуката на дисциплинската комисија со која се изрекува дисциплинска мерка, вршителот на сметководствени работи има право на приговор до претседателот на Институтот во рок од десет дена од денот на доставувањето на одлуката. (2) Претседателот на Институтот е должен да одговори по приговорот од ставот (1) на овој член во рок од пет дена од денот на поднесувањето на приговорот.

Во член 39 став 1 од Законот е уредено дека одлуката донесена во дисциплинска постапка ја извршува претседателот на Институтот и истата се објавува на веб – страницата на Институтот и се запишува во соодветниот регистар на Институтот. (2) Дисциплинската мерка од членот 32 став (4) точка 1 од овој закон се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на една година од нејзиниот упис. (3) Дисциплинската мерка од членот 32 став (4) точка 2 од овој закон се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на две години од нејзиниот упис. (4) Дисциплинската мерка од членот 32 став (4) точка 3 од овој закон се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на три години од нејзиниот упис.

Во главата VII „Контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи“ во член 40 став 1 од Законот е утврдено дека трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи (во натамошниот текст: субјекти на контрола) врши Институтот. (2) Контролата од ставот (1) на овој член опфаќа проверка на: 1) усогласеноста на работењето со одредбите на овој закон и законите иподзаконските прописи со кои се регулира водењето на сметководството и 2) усогласеноста на нивното работење со актите на Институтот за исполнување на барањата на Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC. (3) Контролата се врши согласно со годишната програма на Институтот за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи или на барање назаинтересирани страни. (4) Контролата од ставот (1) на овој член се спроведува на објективен и независен начин и со постапка која исклучува судир на интереси меѓу лицето кое ја спроведува контролата и субјектот на контрола. (5) Контролата од ставот (1) на овој член ја вршат овластени сметководители вработени во стручната служба на Институтот со најмалку пет години работно искуство во вршењето на сметководствени работи. (6) Лицето одговорно за контрола составува извештај за извршената контрола во кој ги наведува своето мислење, утврдените неправилности и незаконитости, препораките за корективни дејства и рокот за отстранување на утврдените неправилности и незаконитости. (7) Извештајот од ставот (6) на овој член се доставува до субјектот на контролакој има право на приговор во рок од пет дена од денот на приемот на извештајот. Управниот одбор одлучува по приговорот во рок од пет дена од денот на приемот. (8) Субјектот на контрола е должен во рокот определен во извештајот од ставот (6) на овој член да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитостите и до Институтот да поднесе извештај во кој ќе ги опише преземените мерки и ќе приложи документи и докази за отстранување на неправилностите и незаконитостите. (9) По истекот на роковите од ставот (7) на овој член извештајот за извршената контрола се објавува на веб страницата на Институтот.

Согласно член 41 од Законот е уредено дека врз основа на извештајот од спроведената контрола од членот 40 од овој закон, Управниот одбор на Институтот ги презема следниве мерки: 1) покренува дисциплинска постапка против сметководителот и/или овластениот сметководител и 2) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.

Во главата VIII „Надзор“ член 42 од Законот е уредено дека надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон врши Министерството за финансии.

Согласно член 43 став 1 од Законот, надзор над работењето на Институтот врши Министерството за финансии. (2) за спроведениот надзор од ставот (1) на овој член се составува записник во кој се наведуваат констатираните неправилности и/или незаконитости во постапувањето во согласност со член 10 став (3) точки 10, 11, 12, 13 и 19 од овој закон, министерот за финансии дава предлог за отповикување на претседателот и членовите на Управниот одбор до Надзорниот одбор.

Во главата IX „Прекршочни одредби“ во член 44 став 1 од Законот е определено дека глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на сметководителот, односно овластениот сметководител, ако: 1) ја прекрши обврската за заштита на тајноста на податоците (член 26);2) врши сметководствени работи спротивно на член 28 став (2) точка 1 од овој закон; 3) не го извести Институтот во согласност со член 29 став (4) од овој закон и 4) не ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости во согласност со член 40 став (8) од овој закон.

Според член 45 став 1 од Законот, глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи, ако: 1) врши сметководствени работи во спротивност на член 20 ставови (5), (6) и (7) од овој закон; 2) не го исполнува условот од член 20 став (8) од овој закон, односно доколку сметководствените работи ги вршат лица кои не се сметководители и/или овластени сметководители; 3) не постапи во согласност со член 23 од овој закон;4) не склучи договор согласно со член 25 став (1) од овој закон; 5) вршењето на сметководствени работи го отстапи на друг трговец поединец, односно друштво за вршење на сметководствени работи (член 25 став (2)); 6) ја прекрши обврската за заштита на тајноста на податоците (член 26); 7) врши сметководствени работи кај обврзник за водење на сметководство во спротивност на член 28 став (2) точка 2 од овој закон; 8) не го извести Институтот во согласност со одредбата од член 29 став (4) од овој закон и 9) не ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости во согласност со член 40 став (8) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за трговецот – поединец сметководител, односно трговецот – поединец овластен сметководител, односно друштвото за вршење сметководствени работи ќе му се изрече на одговорното лице во трговецот- поединец сметководител, односно трговецот – поединец овластен сметководител, односно друштвото за вршење сметководствени работи за прекршоците од ставот (1) на овој член.

Согласно член 46 став 1 од Законот, глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на Институтот, ако: 1) не побара согласност од Министерството за финансии во согласност со член 7 став (3) од овој закон; 2) не ги објави актите на Собранието на начин пропишан со член 7 став (8) од овој закон; 3) не го изврши уписот во регистарот согласно со член 18 став (6) од овој закон; 4) не издаде лиценца согласно со член 21 став (6) од овој закон; 5) не го изврши уписот во регистарот согласно со член 22 став (2) од овој закон и 6) не ги отстрани утврдените неправилности и/или незаконитости согласно со член 43 ставови (3) и (4) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на претседателот на Институтот за прекршоците од ставот (1) на овој член.

Според член 46-ѓ став 1 од Законот, глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице ако во рокот утврден во член 18 став (4) и член 21 став (3) од овој закон не ги побара потребните документи. (2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице во Централниот регистар на Република Македонија ако во рокот утврден во членовите 18 став (5) и 21 став (4) од овој закон не ги достави бараните документи.

Во член 47 од Законот за прекршоците утврдени во членовите 44, 45, 46, и 46-ѓ од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Според член 47-а од Законот за вршење на сметководствени работи, одмерувањето на висината на глобата за правно лице, односно за трговец- поединец се врши согласно со Законот за прекршоците.

Во главата X „Преодни и завршни одредби“ во член 48 став 1 од Законот е уредено дека лицето кое до влегувањето во сила на овој закон вршело сметководствени работи може да поднесе барање за добивање уверение за сметководител во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, ако има: 1) средно образование и најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 2) вишо образование (прв степен) и најмалку две години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 3) високо образование и најмалку една година работно искуство во вршење на сметководствени работи. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член задолжително се доставува: 1) доказ (уверение) за завршено образование; 2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж; 3) потврда од работодавач за работно искуство во вршење на сметководствени работи и 4) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за сметководител.

Според член 49 став 1 од Законот, лицето кое до влегувањето во сила на овој закон вршело сметководствени работи може да поднесе барање за добивање уверение за овластен сметководител во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, ако има: 1) средно образование и најмалку десет години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 2) вишо образование (прв степен) и најмалку осум години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 3) високо образование и најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член задолжително се доставува: 1) уверение за завршено образование; 2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж; 3) потврда од работодавач за работно искуство во вршење на сметководствени работи и 4) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител. (3) Лицата од ставот (1) на овој член и членот 48 став (1) од овој закон имаат право да полагаат испит за овластен сметководител, односно сметководител доколку поднесат барање во рокот на важноста на уверението од членот 50 став (3) од овој закон, во спротивно, доколку немаат соодветно образование согласно со член 15 ставови (2) и (3) од овој закон го губат правото за полагање на испит за овластен сметководител, односно сметководител. (4) Кон барањето за полагање на испитот од член 15 ставови (2) и (3) од овој закон, лицата од ставот (3) на овој член до Институтот поднесуваат само уверение за овластен сметководител, односно сметководител издадено од Министерството за финансии и доказ за уплата на надоместокот за полагање на испитот.

Согласно член 50 став 1 од Законот за вршење на сметководствени работи, барањата од член 48 и член 49 од овој закон се поднесуваат до Министерството за финансии. (2) Министерството за финансии уверенијата од член 48 став (1) и член 49 став (1) од овој закон ги издава во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето од ставот (1) на овој член. (3) Уверенијата од член 48 став (1) и член 49 став (1) од овој закон се со важност од 48 месеци од денот на издавањето. (4) По исклучок од ставот (3) на овој член, на лицата со над 25 години работно искуство во вршење на сметководствени работи Министерството за финансии им издава уверение со трајна важност (5) По истекот на рокот од ставот (3) на овој член лицето кое добило уверение за сметководител или овластен сметководител согласно со членот 48, односно членот 49 од овој закон нема право да врши сметководствени работи доколку не го положи испитот за сметководител или овластен сметководител согласно со овој закон. (6) Министерството за финансии води евиденција за издадените уверенија од член 48 став (1) и член 49 став (1) од овој закон, која особено содржи податоци за: 1) бројот на издаденото уверение; 2) датумот на издавање на уверението; 3) датумот на истек на важноста на уверението; 4) видот на уверението; 5) лични податоци на подносителот на барањето; 6) образование на подносителот на барањето и 7) работно искуство на подносителот на барањето.

Според член 51 став 1 од Законот, е определено дека до основање на Институтот подготвителните работи во врска со започнување на неговата работа ќе ги врши комисија формирана од министерот за финансии. (2) Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од претседател и десет члена. Претседателот и пет члена се од Министерството за финансии, а пет члена се од лицата на кои министерот за финансии им издал уверение за овластен сметководител. (3) Комисијата од ставот (1) на овој член ги подготвува актите за основачкото собрание на Институтот. (4) Основачкото собрание на Институтот на кое ќе се изберат органите и ќе се одобрат сите акти на Институтот ќе се одржи во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (5) Основачкото собрание на Институтот го свикува министерот за финансии и со него раководи претседателот на комисијата од ставот (1) на овој член.

Согласно член 52 став 1 од Законот, е утврдено дека Регистарот на сметководители, Регистарот на овластени сметководители, Регистарот на трговци поединци – сметководители, Регистарот на трговци поединци – овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи ќе се воспостават во рок од четири месеци од изборот на Управниот одбор на Институтот. (2) Вршителите на сметководствени работи кои добиле уверение од министерот за финансии се должни да поднесат барање за запишување во соодветниот регистар во рок од 15 дена од денот на воспоставувањето на регистрите. (3) Постојните правни лица кои се регистрирани за вршење на сметководствени работи се должни да се усогласат со одредбите од овој закон и да поднесат барање за запишување во соодветниот регистар во рок од шест месеци од денот на изборот на Управниот одбор на Институтот.

Според член 54 од Законот, првиот испит за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител ќе се спроведе во рок од девет месеци од денот на изборот на Управниот одбор на Институтот.

Согласно член 55 од Законот за вршење на сметководствени работи е определено дека подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

5.Според член 8 став 1 алинеи 1, 3, 6, 7 и 8 од Уставот на Република Македонија основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право утврдени со Уставот; владеењето на правото; правната заштита на сопственоста; слободата на пазарот и претприемништвото, како и хуманизмот, социјалната правда и солидарноста се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Сo членот 20 од Уставот на граѓаните им се гарантира слободата на здружувањето заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

Во членот 30 од Уставот се гарантира правото на сопственоста (став 1), сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата (став 2), никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон (став 3).

Според член 32 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност (став 1). Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место (став 2). Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори (став 5).

Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон (став 1); Секој е должен да ги почитува Уставот и законите (став 2).

Според член 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

Со членот 55 од Уставот, се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото (став 1). Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот (став 2). Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбрана на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето (став 3).

Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017) содржи 57 членови кои се систематизирани во десет глави. Во Главата I. „Општи одредби“ се дефинира предметот на уредување на дефинициите на одделни поими и кратенки употребени во Законот и прописите кои треба да се почитуваат при вршењето на сметководствените работи. Според член 1 од Законот се уредуваат условите на вршење на сметководствени работи, субјектите кои вршат сметководствени работи, условите за стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител, организацијата и работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на сметководствени работи.

Во главата II „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија“, се содржани членовите од 4 до 13 со кои се дава основ за формирање на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и се дефинираат делокругот на неговите активности, организациската поставеност, работите кои органите на Институтот имаат законско право и обврска да ги вршат и начинот на финансирање на работата на Институтот. Институтот се основа како професионално тело на сметководителите и овластените сметководители заради подигнување на стандардот на сметководствената професија и заштита на интересите на неговите членови. Работите на Институтот на територијата на Република Македонија ќе се вршат преку подружници формирани на територијален принцип за една или повеќе единици на локална самоуправа. Подружниците на Институтот ќе немаат својство на правно лице. Работите во врска со работењето на Институтот ќе ги врши стручна служба под раководство на секретар.

Делокругот на работа на Институтот особено опфаќа, организирање и спроведување испит за добивање уверение за сметководител и овластен сметководител, издавање на лиценци за работа на правни лица, водење на јавни регистри на физичките и правните лица кои стекнале право да вршат сметководствени работи, организирање и спроведување на континуирана професионална едукација, контрола на работата на физичките и правните лица кои вршат сметководствени работи.

Органи на Институтот се: Собрание, Надзорен одбор, Управен одбор и Претседател. Тела на Институтот се дисциплинска комисија и други постојани и времени комисии утврдени со статутот на Институтот. Сите членови на органите и телата на Институтот ќе се избираат од редовите на членството на Институтот. Собранието е највисок орган на Институтот и го сочинуваат сите сметководители и овластени сметководители преку избрани претставници од подружниците на Институтот. Собранието ги усвојува оперативните и организациските акти на Институтот врз основа на претходна согласност добиена од Министерството за финансии. Надзорниот одбор е задолжен за спроведување на контрола на материјалното и финансиското работење на Институтот, додека управувањето со работите на Институтот ќе го врши Управен одбор. Претседателот на Управниот одбор истовремено е и Претседател на Институтот, со обврска да го претставува и застапува Институтот и да се грижи за неговото законско работење. Средствата за финансирање на работата, Институтот ги обезбедува преку наплата на надоместоци за активностите кои ги врши, Остварените финансиски средства Институтот ги користи само за извршување на работите од својот делокруг.

Во главата III „Начин на стекнување со статус сметководител и овластен сметководител и континуирано професионално усовршување“, се содржани членовите од 14 до 19 со кои се уредуваат критериумите и постапката за стекнување уверение за сметководител односно овластен сметководител, постапката за упис во регистарот на сметководители односно овластени сметководители, обврската на вршителите на сметководствени работи за континуирано професионално усовршување и постапката за признавање на професионална квалификација стекната во странство.

Во однос на полагање на испит за стекнување уверение за сметководител, кандидатот треба да има средно економско образование и не треба да има претходно работно искуство во вршење на сметководствени работи, додека за стекнување на уверение за сметководител, лицето е потребно да има високо образование од областа на економијата или бизнисот и најмалку три години претходно работно искуство во вршење на сметководствени работи.

Имајќи ја предвид, сродноста на професиите како и образовната материјата која е содржана во испитот за стекнување звање ревизор, лицата кои имаат лиценца за овластен ревизор можат без полагање на испит да стекнат уверение за овластен сметководител.

Исто така, сметководствени работи во Република Македонија ќе може да врши и државјанин кој стекнал професионална квалификација за сметководител или овластен сметководител во странство доколку го положи испитот за познавање на националното законодавство релевантно за вршење на сметководствените работи спроведен од Институтот. Лицето кое го положило испитот за сметководител или овластен сметководител и добило уверение од Институтот стекнува право за вршење сметководствени работи со упис во соодветниот регистар на Институтот. Постапката за упис е уредена со членот 18 од Предлог – законот.

Заради надградување на стручното знаење сметководителите и овластените сметководители имаат законска обврска за посета на задолжителниот број часови на обука за професионално усовршување. Непочитувањето на обврската за континуирано професионално усовршување е основ за бришење на членот од соодветниот регистар на Институтот. Континуираното професионално усовршување го спроведува Институтот самостојно или во соработка со правни лица кои најмалку три години спроведуваат стручно усовршување и едукација од областа на смстководството, финансиите или даноците.

Во главата IV „Вршење сметководствени работи“ (од член 20 до член 28), се дефинираат физичките и правните лица кои можат да вршат сметководствени работи и обврзниците кај кои истите можат да вршат сметководствени работи. За вршење на сметководствени работи обврзникот за водење сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител или со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец – сметководител, трговец-поединец овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи. Трговец поединец – сметководител, трговец-поединец овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи правото за вршење на сметководствени работи го стекнува со уписот во соодветниот регистар кој се води кај Институтот односно со издавањето на лиценцата за работа од Институтот.

Со членовите 22, 23 и 24 се уредуваат условите и постапката за упис во соодветниот регистар, како и околностите и постапката за одземање на лиценцата за работа на трговецот поединец-сметководител, трговецот-поединец овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи. Сметководителот и овластениот сметководител при вршењето на сметководствените работи имаат обврска за почитување на Законот за класифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци.

Според членот 27 од Законот се дава можност по влегувањето на Република Македонија во Европската Унија, сметководствени работи да може да врши и странско физичко или правно лице од државите членки на Европската Унија кое ги исполнува условите за вршење сметководствени работи во земјата во која се регистрирани.

Со членот 28 од овој закон се утврдуваат случаите во кои постои конфликт на интереси и во кои случаи сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот-поединец овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи не смеат да вршат сметководствени работи. Па така, сметководителот односно овластениот сметководител не може да врши сметководствени работи односно да ја потпише годишната сметка за трговецот поединец или друштво за вршење сметководствени работи во кој тој е вложувач, акционер или член на орган на управување.

Во главата V „Регистри“ (од член 29 до член 31) е утврдена содржината на регистрите кои ги води Институтот, случаите во кои сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот- поединец овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се бришат од соодветниот регистар, постапката за бришење од регистрите и временскиот период за кој се губи правото за вршење сметководствени работи.

Со предлог одредбите од главата VII „Дисциплинска постапка“ (од член 32 до член 39), се утврдуваат органот кој ја води дисциплинската постапка и мерките кои може да се изречат за сторена дисциплинска повреда кои вклучуваат: јавна опомена, парична казна, времено и трајно бришење од соодветниот регистар на Институтот. Со предлог одредбите во членовите 33, 34, 35 и 36 се дефинираат дисциплинските повреди за кои се изрекуваат дисциплинските мерки.Одлуките донесени во дисциплинска постапка ги извршува претседателот на Институтот и истите се објавуваат на веб-страната и се запишуваат во соодветниот регистар на Институтот. Со членот 39 се дефинираат роковите по чиј истек изречената дисциплинска мерка се брише од соодветниот регистар.

Во главата VII „Контрола на работењето“ (членови 40 и 41) се уредува опфатот на контролата над работењето на сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот – поединец овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи. Контролата на работењето се врши согласно годишната програма на Институтот за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи или на барање на заинтересирани страни. Контролата ја вршат овластени сметководители вработени во стручната служба на Институтот со најмалку пет години работно искуство во вршењето на сметководствени работи.

Управниот одбор на Институтот врз основа на извештајот од спроведената контрола покренува дисциплинска постапка против сметководителот и/или овластениот сметководител или може да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.

Согласно одредбите од главата VIII „Надзор“ (членови 42 и 43) од овој закон, надзор над спроведувањето на одредбите на законот врши Министерството за финансии кое, исто така, врши надзор и на работењето на Институтот.

Во главата IX „Прекршочни одредби“ (од член 44 до член 47) од Законот, се уредени прекршочните санкции спрема сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот-поединец овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи во случај на непочитување на одредбите од Законот. Пред поведувањето на прекршочната постапка се дава можност за поведување постапка за порамнување. Прекршочната постапка ја води надлежен суд.

Во главата X (од член 48 до член 57) од Законот за вршење на сметководствени работи се содржани преодните и завршните одредби.

Со последните изменувања и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 193/2017) во членот 7 став 1, како преодна и завршна одредба е определено дека: „Лицата кои согласно со членот 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ број 190/2016), не поднеле барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител, односно овластен сметководител согласно со условите под кои ги стекнале уверенијата издадени од министерот за финансии, можат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител, односно овластен сметководител. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член до Институтот задолжително се доставува оригинал или копија заверена на нотар од уверението за сметководител, односно овластен сметководител издадено од министерот за финансии. (3) Институтот е должен на лицата од ставот (1) на овој член да им издаде ново уверение за сметководител, односно овластен сметководител во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето. (4) Со денот на издавање на уверенијата од ставот (3) на овој член престануваат да важат уверенијата издадени од министерот за финансии. (5) На лицата кои во рокот од ставот 1 на овој член нема да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител, односно овластен сметководител им престанува важноста на постојните уверенија за сметководител или овластен сметководител издадено од министерот за финансии и врз основа на истите немаат право да вршат сметководствени работи.

Согласно членот 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 193/2017) (1) Лицата кои се стекнале со уверенија за сметководител, односно овластен сметководител согласно со членот 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија број 190/16), а кои не поднеле барање за упис во Регистарот на сметководители, односно Регистарот на овластени сметководители, согласно со член 18 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ број 95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15, 23/16 и 190/16), можат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање за упис во Регистарот на сметководители, односно Регистарот на овластени сметководители. (2) Лицата кои се стекнале со уверенија за сметководител, односно овластен сметководител согласно со членот 7 од овој закон, можат во рок од 60 дена од денот на стекнувањето на уверението за сметководител, односно овластен сметководител да поднесат барање за упис во Регистарот на сметководители, односно Регистарот на овластени сметководители, согласно со членот 18 од Законот за вршење на сметководствени работи.

Со членот 9 од истиот закон сметководителите се должни за 2017 година да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 10 часа до крајот на 2017 година.Овластените сметководители се должни за 2017 година да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 15 часа до крајот на 2017 година. Согласно член 10 овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Тргнуваќи од анализата на законските одредби на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017) во целина, правото на вршење на сметководствени работи и услуги се врши со исполнување на критериуми дефинирани во овој закон преку континуирано усовршување и проверка на стекнатите знаења на сметководителите и овластените сметководители со цел да се задржи статусот на сметководител/ овластен сметководител.

Оттука, произлегува и фактот дека сметководството е динамична професија која бара постојано надградување и усовршување. Владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок претпоставува постоење и почитување на општи стандарди и позитивни законски норми. Граѓаните се еднакви пред законот, но законите регулираат конкретни области и треба да обезбедат еднаквост на граѓаните на кои тие закони се однесуваат. Владеењето на правото подразбира и транспарентност на условите и критериумите за стекнување и губење на одредени права, како и почитување на законите од страна на оние на кои тие закони се однесуваат. Во таа смисла, Законот за вршење на сметководствени работи јасно ги утврдува условите за професионално усовршување на секој сметководител.

Поради тоа, во Република Македонија се прифатени и се во примена МСФИ“ Меѓународните стандарди за финансиско известување, „МСФИ за МСС“ Меѓународните стандарди за финансиско известување на мали и средни субјекти и Кодексот на етика за професионални сметководители донесени од страна на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC) што значи се дел од правниот поредок на Република Македонија. „Континуирано професионално усовршување“ е постојано стручно усовршување со цел за надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи ( член 2 од Законот) .

Во иницијативата е наведено дека: „Со Законот за вршење на сметководствени работи се врши изнуда на сите сметководствени работници во Република Македонија. Исто така, стопанството и непрофитните организации во Република Македонија се задолжуваат со енормно високи давачки, кои во голема мера негативно ќе влијаат на крајните финансиски резултати на истите, а со тоа ќе се остваруваат помали добивки, кои исто така ќе се одразат на штета на буџетот со намалување на приходот преку данокот на добивка, а наспроти тоа се во полза на здружението-институтот, кој со овој закон, по основ на монополска основа ќе остварува милионски суми за себе и неговите партнери. Не може да се замисли дека на едно здружение преименувано во институт да му се дадат толку големи и широки монополски права, без обврски, како да се работи за најголем државен орган или државна институција со целосно монополско притивуставно право и овластување. Здружението-институтот, според одредбата на член 50 став 2 од Законот, се изедначува со органите на државната управа или соодветна институција од јавен интерес, што е во спротивност, како на Уставот, исто така и на сите закони пропишани со Уставот. Само да се знае дека во текот само на 2017 година, здружението-институтот заедно со неговите партнери наплатија од сметководителите и стопанството преку 2.500.000 евра“.

Според овие наводи во иницијативата оспорените законски глави и законски одредби не биле во согласност со член 8 став 1 алинеите 1, 3, 6, 7 и 11, член 20 став 2, член 32, член 50 став 2, член 51, член 54 став 3 и член 55 од Уставот на Република Македонија.

Поаѓајќи од анализата на наводите во иницијативата, Судот утврди дека истите не се основани од причина што со Законот за вршење на сметководствени работи се воведува нов законски режим во стекнувањето на статусот на сметководителите и овластените сметководители со цел да се задржи статусот на сметководител/ овластен сметководител, кој важи за сите лица под еднакви услови и тоа по влегувањето на Законот во сила па во иднина и притоа оставен е временски период за исполнување на предвидените законски услови и во доволна мера е водено сметка да се направи поврзување помеѓу искуството стекнато со образованието и искуството стекнато со вршење на сметководствените работи.

По однос на наводите во иницијативата дека одредбите од член 19 ставови 1 и 2 од Законот со кои се утврдува обврска за посета на обука за континуирано професионално усовршување и се дефинира бројот на часови на годишно и тригодишно ниво за сметководител и овластен сметководител се во спротивност на член 8 став 1 алинеи 1, 3, 6 и 7 и член 20 став 2 од Уставот на Република Македонија, Судот оцени дека истите се неосновани. Имено, барањата за континуиран професионален развој се дефинирани како заштитни мерки креирани од професијата, законот или регулативата заради обезбедување на услови за придржување кон професионалната компетентност и должно внимание како еден од основните принципи на сметководствената професија, согласно Кодексот на етика за професионални сметководители, кој е составен дел на домашното законодавство.

Дополнително, законското решение дадено во член 19 ставови 1 и 2 е усогласено со барањата на меѓународниот стандард за едукација IES 7: Континуиран професионален развој: програма за доживотно учење и континуиран развој на професионална компетентност на IFAC, согласно кој фундаменталниот принцип на Кодексот на етика на професионални сметководители на IFAC бара професионалниот сметководител да има континуирана обврска да одржува професионално знаење и вештини на ниво кое обезбедува дека клиентот или работодавачот добива стручни професионални услуги засновани на тековниот развој во праксата, законодавството и техниките.

Според овој меѓународен стандард професионалните тела треба да бараат професионалните сметководители да развијат и одржуваат стручност релевантна и соодветна на нивната работа и професионални одговорности. Според барањата на Input-based Approach за континуирана професионална едукација утврден во стандардот, професионалниот сметководител треба да заврши 120 часа релевантна активност за професионално усовршување во последователен тригодишен период, од кои 60 часа треба да бидат потврдени, да заврши 20 часа во секоја година и да следи и мери активности за учење за да ги исполни барањата во поглед на бројот на часови. Со законската обврска за континуирано професионално усовршување се прифаќаат и воспоставуваат меѓународни стандарди за сметководствената професија со што на сметководителите ќе им се овозможи слободно и непречено давање на своите услуги и вон националните рамки, со пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија.

Поради тоа, Судот утврди дека не се основани наводите во однос на тоа дека со обврската за континуирано професионално усовршување се кршеле основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото, правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото (член 8 став 1 алинеите 1, 3, 6 и 7 од Уставот). Оттука, наводите во иницијативата дека одредбите од член 19 ставови 1 и 2 се во спротивност со правото на граѓаните за слободно основање на здруженија на граѓани и политички партии и пристапување и истапување кон и од нив (член 20 став 2 од Уставот) Судот смета дека истите не се основани, од причина што Законот не го ограничува правото на секој сметководител да членува во кое било друго здружение на сметководители, ниту пак забранува формирање на други здруженија на сметководители.

Исто така, Судот утврди дека не се основани наводите во однос на тоа дека одредбата од член 19 став 3 од Законот, со која се уредува дека обуката за континуирано професионално усовршување се спроведува преку стручни организации кои ги определува Здружението – Институтот се во спротивност на член 55 од Уставот, според кои: се гарантира слобода на пазарот и претприемништвото. Ова од причина што Институтот обуките за континуирано професионално усовршување ги спроведува во соработка со друштва за консалтинг и други специјализирани организации од областа на сметководството, даноците и финансиите, кои постојат и даваат услуги од ваков тип во Република Македонија.

Во таа насока, со овој закон е основан Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија како професионално здружение, чии надлежности децидно се утврдени во членот 6 од Законот. Собранието на Институтот (го сочинуваат сите сметководители и овластени сметководители), Надзорниот одбор, Управниот одбор и претседателот на Институтот (5 години мандат) се органи на Институтот со законски дефинирани надлежности. Помеѓу другото, Собранието на Институтот ја утврдува висината на чланарината и висината на надомесокот за издавање на лиценца, но по дадена согласност од Министерството за финансии (член 7 став 3). На кој начин се обезбедуваат средствата за работа на Институтот е определено со Законот. Условите под кои се стекнува статус на сметководител и овластен сметководител се уредени во главата III од Законот. Изворите за обезбедување на средства за работа на Институтот се законски определени. Во Законот е определено дека Институтот, заради остварување на надлежностите има редовно вработени лица во Стручната служба. Институтот е професионално здружение на целиот сметководствен еснаф, тој е основан, токму со оспорениот закон, како единствен облик на здружување заради воедначена примена на сметководствената регулатива, постојано усовршување, остручување и следење на бројните меѓународни стандарди кои се применуваат.

Воедно, поаѓајќи од тоа дека критериумите за избор на правните и физичките лица ги пропишува Институтот и тие се јавно достапни за сите заинтересирани страни и со оспорениот закон се утврдени областите на експертиза кои треба да ги поседуваат истите лица, а Институтот ја спроведува обуката заради обезбедување на професионална компетентност како основен принцип на сметководствената професија, согласно Кодексот на етика на IFAC и од тие причини Судот оцени дека одредбата од член 19 став 3 не го ограничува слободното формирање на нови правни лица од областа на сметководството, даноците и финансиите, како и стекнувањето на знаења од овие области.

Оттука, според Судот во иницијативата не е доволно елаборирано зошто одредбите на член 19 став 3 и член 19-а не биле усогласени со член 55 од Уставот и дека со начинот на спроведување на обуката за континуирано професионално усовршување за овластените и сметководителите се вршело формирање на монопол на пазарот. Исто така, според Судот не се доволно аргументирани наводите во иницијативата во однос на тоа дека „одредбата на член 19-а од Законот, со која било предвидено сметководителите по завршувањето на обуката за континуирано професионално усовршување да полагаат испит за проверка на знаењата и доколку не го положат испитот, можело да престанат со работа и затоа одребата не била во согласност со член 32 став 2 и член 44 од Уставот и на сите закони со кои е уредено образованието. Воедно, како причина се наведува дека Здружението-Институтот немало акредитација, ниту било какво одобрение од надлежните државни органи и немало статус на јавен интерес“.

Притоа, Судот оцени дека одредбите на член 19-а не се правилно цитирани во иницијативата со оглед дека последиците од неположувањето на испитот се уредени во членот 19-б од Законот. Согласно, барањата на меѓународниот стандард за едукација IES 7: Континуиран професионален развој: програма за доживотно учење и континуиран развој на професионална компетентност на IFAC, потврдата дека одредено професионално знаење или вештина е развиена може да се врши и преку оценка на стекнатите знаења. Испитот за проверка на знаење е меѓународна пракса и е во насока на одржување на професионалното знаење на сметководителите и овластените сметководители и на довербата на јавноста во нивната работа. Правото на образование под еднакви услови не е загрозено од причина што Законот ги пропишува условите под кои сметководителот може да ја врши дејноста и тие услови се еднакви за сите, односно ги уредува барањатa во врска со образование, обука и искуство за прием во професијата.

Во Одделот 100, Вовед и основни принципи на Кодексот на етика на професионалните сметководители, меѓу другото, е пропишано и следното: „Истакнато обележје на сметководствената професија е нејзиното прифаќање на одговорноста да дејствува во јавен интерес. Според тоа, одговорноста на професионалниот сметководител не е само да ги задоволи потребите на поединечниот клиент или работодавач. При дејствувањето во јавен интерес, професионалниот сметководител треба да го запази и да се придржува кон овој кодекс.

Воедно, со член 6 став 1 точка 9 од Законот за вршење на сметководствени работи е пропишано дека Институтот ја следи примената на Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC. Според тоа, Судот утврди дека не се основани наводите во иницијативата дека со член 2 точка 16 и членовите 4 до 54 од Законот, Институтот на сметководители и овластени сметководители имал статус на здружение без јавен статус на кое му биле дадени овластувања како на државен орган од највисок ранг или институција од јавен интерес и дека истите биле во спротивност со Уставот.

Исто така, Судот оцени дека не се доволно прецизни наводите на иницијативата во однос на тоа дека со оспорените законски одредби се повредувала слободата на здружувањето од член 20 став 1 од Уставот и тоа во однос на член 2 точка 16 од Законот. Со овие законски одредби Институтот бил дефиниран како професионално здружение на сметководители и овластени сметководители и дека членувањето во ова здружение се вршело со принуда која произлегувала од тоа дека биле предвидени разни дисциплински постапки (член 32 до 39 од Законот) и прекршочните одредби (членови 44 до 47 од Законот). Односно дека во Законот било предвидено дека сметководителот или овластениот сметководител ќе се брише од соодветниот регистар доколку професионално не се усовршува, не ја плати годишната чланарина, а професионалното усовршување се вршело само и исклучиво преку новосоздадениот институт, што создавало монопол само за тој институт.

Прашањата, пак по однос на тоа дали со оспорениот закон ќе се постигне очекуваната стручна подготовка на сметководителите и овластените сметководители, дали тие ќе бидат во можност да ги платат трошоците за чланарина и обука, дали некому ќе му престане работниот однос и како ќе се одразат законските одредби по однос на нивниот стандард дали правните лица ќе имаат економски потешкотии да ангажираат сметководители или овластени сметководители се прашања кои навлегуваат во практичната примена на Законот и не можат да предизвикаат покренување на механизмот на уставно-судска оцена.

Исто така, Судот оцени дека не се доволно аргументирани наводите во иницијативата во однос на тоа дека со оспорените глави: Главата: „VI. Дисциплинска постапка“, главата VII „Контрола на работењето“, главата VIII „Надзор“ и главата IX. „Прекршочни одредби“, кои ги опфаќаат членовите 32 до 47 од Законот биле предвидени мерки со кои Институтот се ставал во улога на државен орган, а тој бил дефиниран во член 2 точка 16 само како здружение што било во спротивност со член 8 став 1 алинеи 1, 3, 6, 7 и 8, член 20 ставови 1 и 2, член 30, член 32, член 51, член 54 став 1 и член 55 став 1 од Уставот.

Воедно, Судот утврди дека не се основани наводите во иницијативата во однос на членот 50 од Законот во однос на тоа дека „произлегувало дека предмет на оспорување од уставен аспект е тоа што во одредбата на лицата со над 25 години стаж им се давало ексклузивно право да се стекнат со трајна лиценца иако не ги исполнувале условите ниту со образование согласно член 15 став 3 од Законот и дека истиот не бил во согласност со Уставот, затоа што предвидувал сметководителите и овластените сметководители со стекната диплома и стекнато работно искуство, многу подоцна од нивното вработување, да мораат да полагаат и посебен испит за сметководител и овластен сметководител со што биле изневерени нивните реални очекувања и во исто време била загрозена нивната правна и социјална сигурност“.

Тргнувајќи од анализата на член 50 став 4 од Законот, произлегува дека со него законодавацеот определува издавање на уверенија со трајна важност за лицата со над 25 години работно искуство во вршење на сметководствени работи за разлика од уверенијата со ограничено времетраење за лицата кои исполнуваат други услови (понизок степен на образование или пак пократко работно искуство). Според Судот ваквата определба на законодавецот не ги доведува во нееднаква положба лицата опфатени во членот 50 од Законот, или пак во Законот како целина, бидејќи во прашање се лица кои се наоѓаат во нееднаква правна положба (различен степен на образование и различно работно искуство по времетраење).

Во однос на прашањето, дали законодавецот има балансиран пристап по однос на образованието и работно искуство (понизок степен на образование поголем број на години работно искуство и обратно) според Судот и од содржината на членовите 48 и 49 од Законот во кои, како преодни одредби, е определено под кои услови лицето кое до влегувањето во сила на овој закон вршело сметководствени работи може да поднесе барање за добивање уверение за сметководител односно за овластен сметководител.

Истовремено, Судот оцени дека треба да се има предвид дека подносителот на иницијативата не наведува конкретен член од Уставот со кои се во спротивност член 2 точка 16 и членовите 4 до 54 од Законот за вршење на сметководствени работи во однос на јавниот статус на Институтот. Оттука, според Судот не може да се покрене механизмот на уставно-судска оцена бидејќи се недоволно прецизни и јасни наводите за оспорување и тоа води кон тоа законски одредби да бидат предмет на оценување по однос на нивната согласност со одредби од Уставот, без да бидат образложени посебните причини за таквата оцена. Исто така, Судот нема надлежност да цени законитост на закон како што се бара во иницијативата. Оттаму, Судот оцени дека иницијативата за оценување на уставноста на споменатите членови од Законот треба да се отфрли поради постоење на процесни пречки согласно член 28 алинеја 3 в.в. со член 15 став 2 од Деловникот на Уставниот суд на република Македонија.

Имено, Институтот е професионално здружение на целиот сметководствен еснаф, тој е основан, токму со оспорениот закон, како единствен облик на здружување заради воедначена примена на сметководствената регулатива, постојано усовршување, остручување и следење на бројните меѓународни стандарди кои се применуваат. Ваков или сличен вид на здружување по однос на поставеноста, надлежностите и овластувањата постои и кај другите еснафи како што се лекарската комора, фармацевтската комора, стоматолошката комора, комората на адвокатите, комората на извршителите, комората на медијаторите, комора на архитекти, нотарската комора и други кои во правниот промет можат да егзистираат само како единствени здруженија заради вршење на работи од јавен интерес и остварување на високостручни цели, кои не дозволуваат невоедначеност во правилата на однесување на пазарот во Република Македонија и надвор од неа.

Притоа, Уставниот суд на Република Македонија во досегашната уставно-судска практика не го поставил прашањето за монополско однесување на соодветните комори и други облици на здружување на еснафите заради тоа што тие егзистираат како единствени субјекти, бидејќи заземал гледиште дека тоа е прашање на целисходност за која одлучува законодавецот, a не е прашање кое може да се оценува од уставно правен аспект (предмет У.бр.231/2009 и други).

Оттука, на Институтот врз основа на Законот за вршење на сметководствени работи, токму од законодавецот, му се пренесени јавни овластувања да ја контролира работата на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи, со целосна доверба дека таквата контрола ќе биде извршена согласно позитивните законски прописи и на највисоко професионално ниво. Доколку настапат неправилности во работењето странките имаат можност, во заштита на своите права, да водат управен или друг вид на спор.

Дали пак некоја јавна државна институција наспроти Институтот подобро и попрофесионално би ја направила предвидената контрола е прашање кое води кон оценување на целисходноста на законското решение за што Судот нема надлежност да одлучува. Тоа што во одредбата не е предвидено „издавање на налог за контрола“ претставува барање во одредбата да се внесе содржина каква што подносителот на иницијативата смета дека е правилна и правно издржана, што излегува надвор од надлежностите на Уставниот суд, кој нема надлежност да креира норми.

Па оттука, Судот е на мислење дека Институтот не би требало да се поистоветува како „класично“ здружение на граѓани. Во однос на наводите дека одредбите од член 6 точки 2 и 8 се спротивни на Законот за здруженија и фондации, односно на Законот за работните односи, се укажува дека ваквите наводи не можат да бидат предмет на оценка од страна на Уставниот суд со оглед на надлежностите на Уставниот суд уредени со членот 110 од Уставот на Република Македонија. Судот смета дека, тврдењето во иницијативата дека со оспорената одредба на член 24 став 4 од Законот за вршење на сметководствени работи “се доведува во прашање опстанокот“ на одредбите на членот 154 од Законот за работните односи, претставува барање за утврдување на меѓусебна оцена на согласност на повеќе закони, што исто така не спаѓа во надлежност на Уставниот суд и во тој дел иницијативата се отфрла согласно на член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд.

По иницијативата за оценување на уставноста на членовите 14 до 18 и член 20 точки од 4 до 8 од Законот за вршење на сметководствени работи, Судот смета дека не е во можност да се произнесе од причина што подносителот на иницијативата не наведува со кои одредби од Уставот се во спротивност овие членови. Поради недоволно јасни и прецизно формулирани аргументи, Судот оцени дека во однос на овие наводи дадени во иницијативата постојат процесни пречки за одлучување согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија.

Поради тоа, Судот утврди дека неосновани се и наводите во иницијативата во однос на тоа дека се ограничуваат правата на вработените да не се откажат од правата на: работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност, достапност на секое работно место под еднакви услови, заработувачка и платен дневен, неделен и годишен одмор, и чие остварување се уредуваат со закон и со колективни договори (член 32 став 2 од Уставот) и правото на образование под еднакви услови (член 44 од Уставот). Подносителот во иницијативата одредбите од член 20 точките од 4 до 8 и член 23 од Законот само ги цитира и не наведува со кои членови од Уставот овие одредби се во спротивност, поради што Судот оцени декане може да се произнесе.

Според анализата на наводите изнесени во иницијативата пропишаната дисциплинска постапка во глава VI „Дисциплинска постапка“ , во глава VII „Контрола работењето“ , во глава VIII „Надзор“, во глава IX „Прекршочни одредби“ од Законот се во спротивност на член 8 став 1 алинеите 1, 3, 5 и 7, Амандманот 21, членот 20 став 2, членот 50 став 2, членот 51, членот 54 став 3 и членот 55 од Уставот, Судот утврди дека воопшто не е објаснето и елаборирано од кои причини одредбите на овие глави не се во согласност со Уставот и поради тоа наведените глави од Законот не би можеле да бидат предмет на оценка од страна на Судот, на нивната уставност. Поради недоволно јасни и прецизно формулирани аргументи, Судот оцени дека во однос на овие наводи дадени во иницијативата постојат процесни пречки за одлучување согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија.

Според Судот, Институтот како професионално здружение согласно Законот има право да изрекува дисциплински мерки на своите членови кои ќе ги повредат одредбите од Законот и принципите на уредно водење на сметководството или го нарушат угледот на професијата. Дисциплинските мерки се преземаат по извршена контрола во работењето на вршителот на сметководство (глава VI, членови 40 и 41 од Законот).

Контролата во работењето се однесува на утврдување на усогласеноста на работењето со прописите кои го регулираат водењето на сметководството и на усогласеноста на работење со барањата на Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC. Доколку при контролата се утврди и прекршување на прописите, Управниот одбор на Институтот поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд. Поради статусот на Институтот како правно лице со јасни овластувања во Законот, Министерството за финансии има обврска да врши надзор над работењето на Институтот и спроведувањето на одредбите од Законот (глава VII, членови 42 и 43 од Законот).

Согласно Законот за вршење на сметководствени работи (Глава VIII, членови 47 и 47-а), се уредува дека прекршочната постапка ја води и прекршочни санкции ги изрекува надлежен суд. Одмерувањето на висината на глобата за правно лице, односно за трговец- поединец се врши согласно Законот за прекршоците. Исто така, овие одредби од Законот се во согласност и со Кодексот за етика на професионалните сметководители на IFAC, според кој заштитните мерки креирани од страна на професијата, законот или регулативата, вклучуваат постапки за набљудување и дисциплински постапки кај професионалните или кај регулаторните тела и надворешна проверка од страна на законски овластена трета страна, на извештаите, обрасците, комуникација или информациите кои се произведени од страна на професионалниот сметководител. Со оспорените глави VI, VII, VIII и IX од Законот се врши регулирање на сметководствената професија и дејност, преку утврдување на надзор и систем од дисциплински постапки и прекршоци за констатирани повреди и прекршоци на Законот.

Според тоа, Судот оцени дека не може да стане збор за повреда на член 8 став 1 алинеите 1, 3, 5 и 7, Амандманот 21, член 20 став 2, член 50 став 2, член 51, член 54 став 3 и член 55 од Уставот.

Во иницијативата, подносителот наведува дека со последните измени и дополнувања на Законот, на лицата со 25 години стаж кои стекнале трајни уверенија издадени од министерот за финансии им се условувало стекнатото право, односно истото го губеле, доколку не биле во можност поради најразлични причини да се пријават во рок од 15 дена од денот на воспоставувањето на регистарот и истите биле во спротивност со член 8 став 1 алинеја 1 и член 54 став 3 од Уставот. Судот утврди дека во иницијативата се наведуваат нејасни и неточни наводи од аспект на тоа што се упатува на последните измени и дополнувања во Законот, без притоа точно да се наведе бројот на „Службен весник на Република Македонија“ во кој истите биле објавени, за да се согледа веродостојноста на изнесените факти. Притоа не е наведено и кој член од Законот се оспорува така што овој дел од иницијативата не може да биде предмет на оценка на негова неусогласеност со Уставот на Република Македонија.

Оттука, вака изнесените наводи во иницијативата а кои се однесуваат за целината на оспорениот закон, Судот оцени дека се неосновани и од причина што, оспореното законско решение претставува прилагодување на нашето законодавство со европското, па оттука со воведувањето на нов законски режим со Законот за вршење на сметководствени работи, не се повредуват одредбите од Уставот на кои се повикува иницијативата. Имено, водењето на сметководство, составувањето и поднесувањето на сметководствени искази во согласност со закон и прифатените сметководствени принципи, прифатената практика и меѓународните стандарди за професионално однесување има за цел точно, вистинито, сигурно, сеопфатно и ажурно да се искажат билансните позиции, состојбата на средствата, обврските, изворите на средствата, приходите и расходите и резултатите од работењето на секој правен субјект.

Во однос на наводите во иницијативата дека основниот текст на Законот за вршење на сметководствени работи бил повеќепати изменуван и дополнуван, Судот утврди дека законодавецот тоа го сторил откако оценил дека има потреба од допрецизирање и доуредување на одредбите во основниот текст, со цел да биде овозможена нивна доследна примена, откако биле констатирани одредени непрецизности или недоречености на одделни одредби.

Согласно одредбите на Законот за вршење на сметководствени работи, анализирани како целина, лицето кое добило уверение за сметководител, односно овластен сметководител стекнува право за вршење сметководствени работи со уписот во Регистарот на сметководители, односно Регистарот на овластени сметководители (член 18). Оттука, Судот оцени дека правото на вршење на сметководствени работи е стекнато и целосно само доколку истовремено лицето поседува уверение за сметководител, односно овластен сметководител и е запишано во соодветниот регистар на Институтот. Законот прецизно ги пропишува условите и критериумите за стекнување и губење на правото за вршење на сметководствената професија и Судот смета дека пропишаните услови се јасни, прецизни, недискриминаторски и транспарентни. Поради тоа, со одредбите од Законот не се ограничуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот (член 8 став 1 алинеја 1). Исто така, Судот оцени дека неосновани се и наводите дека одредбите се дискриминаторски по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба (член 54 став 3 од Уставот).

Поради, изнесеното, Судот оцени дека не постои неусогласеност на наведените оспорени одредби од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017) со член 8 став 1 алинеја 3, 6, 7, и 11, член 20 став 2, член 32, член 50 став 2, член 51, член 54 став 3 и член 55 од Уставот на Република Македонија.

5. Тргнувајќи од наведеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Никола Ивановски и судиите: Насер Ајдари, Елена Гошева, Јован Јосифовски, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати, и Владимир Стојаноски.

У.бр.132/2017
02.05.2018 г.
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Никола Ивановски

Leave a Reply