Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 2-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 31.01.2018 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 29 став 1 точка 2, член 31 став 2 точка 1 и член 50 став 2 точка 2 и 4 во делот „Финансиски извештаи“ и член 50 став 2 точка 4 во делот „финансиската состојба и работењето“ од Законот за вонсудско спогодување („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/2014).
Реферат У.бр.77/2017

2. Член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за архивски материјал („Службен весник на Република Македонија“ број 148/2015).
Реферат У.бр.147/2017

3. – Заклучоци внесени во точка 35 на Записникот од 142-та седница на Владата на Република Македонија, донесени од Владата на Република Македонија на 24 јуни 2013 година;
– Одлука бр.02-522/3, донесена од Управниот одбор на Јавната установа Национален парк Галичица во Охрид на 2 септември 2013 година
Реферат У.бр.15/2017

4. Член 126 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување во Општина Лозово, бр.0801-306/1, донесена од Советот на Општина Лозово на 3 март 2017 година.
Реферат У.бр.44/2017

5. Одлука за утврдување на цени за чистење на снег на локални патишта и улици во зимскиот период на ЈПКД „МАВРОВО“ ОД Маврови Анови, бр.08-363/7 од 26.12.2016 година, донесена од Советот на Општина Маврово и Ростуше („Службен гласник на општина Маврово и Ростуше“ бр.12/2016 година).
Реферат У.бр.51/2017

6. Правило за внатрешна служба во Армијата на Република Македонија, бр.03-310/7 од 30.06.2011 година донесено од Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
Реферат У.бр.93/2017

7. Член 53 од Деловникот за работа на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија (Службен весник на Република Македонија“ број 189/2016).
Реферат У.бр.113/2017

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.167/2016 со нацрт-одлука

2. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.5/2017 со нацрт-одлука

3. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.12/2017 со нацрт-одлука

4. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.36/2017 со нацрт-одлука

5. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.60/2017 со нацрт-одлука

6. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.66/2017 со нацрт-одлука

7. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.81/2017 со нацрт-одлука

8. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.95/2017 со нацрт-одлука

9. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.107/2017 со нацрт-одлука

Leave a Reply