Меѓународни Активности

Учество на Вториот конгрес на Светската конференција за уставна правда (16-18 јануари, Рио де Женеиро, Бразил)

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд Бранко Наумоски, од 16 до 18 јануари 2011 година учествува на Вториот конгрес на Светската конференција за уставна правда што се одржува во Рио де Женеиро, во организација на Федералниот врховен суд на Бразил и Венецијанската комисија на Советот на Европа.

Темата на конференцијата е: „Поделбата на власта и независноста на уставните судови и телата со еквивалентна надлежност“. Покрај тоа, на Конференцијата ќе се разгледува и Нацрт статутот на Светската конференција за уставна правда со кој се предвидува институционализирање на Светската конференција како постојано тело.

Повеќе детали за настанот можат да се најдат на веб страницата на Конгресот:

http://www.venice.coe.int/WCCJ/WCCJ_E.asp

Leave a Reply