Меѓународни Активности

Регионална конференција на уставните судови

1. Од 10-13 јуни 2010 година во хотел „Инекс Горица“ во Охрид ќе се одржи Регионална конференција на уставните судови.

Темата на Конференцијата е: „Независност на уставните судови“.

Во работата на Конференцијата ќе учествуваат:
– Уставниот суд на Република Македонија, предводен од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски;
– Уставниот суд на Босна и Херцеговина, предводен од претседателот на Судот д-р Миодраг Симовиќ;
– Уставниот суд на Република Словенија, претставуван од генералниот секретар на Судот Ерик Кершеван;
– Уставниот суд на Република Србија, предводен од претседателот на Судот д-р Боса Ненадиќ;
– Уставниот суд на Република Хрватска, предводен од претседателот на Судот д-р Јасна Омејац;
– Уставниот суд на Република Црна Гора, предводен од претседателот на Судот д-р Милан Марковиќ;

Воведувањето во темата на Конференцијата ќе го извршат:
– Жан Пол Коста, претседател на Европскиот суд за човековите права во Стразбур;
– м-р Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Европскиот суд за човековите права во Стразбур избрана од Република Македонија;
– Вилхелм Шлукебиер, судија на Сојузниот уставен суд на Германија;
– д-р Штефани Рикарда Рос, директор во Фондацијата „Конрад Аденауер“;

2. На 11 јуни 2010 година (петок) од 16,30-17,00 часот во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид ќе се одржи прес-конференција на која претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ д-р Штефани Рикарда Рос ќе се обратат до јавноста со презентирање на заклучоците од Конференцијата.

3. Ве покануваме да присуствувате на нивното обраќање до јавноста.

07.06.2010 година
С к о п ј е

Уставен суд на Република Македонија
Служба за информирање

Leave a Reply