Меѓународни Активности

Учество на делегација на Уставниот суд на советување во Милочер, Република Црна Гора

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г-дин Махмут Јусуфи во состав од судијата Бранко Наумоски и генералниот секретар на Судот, г-ѓа Милица Николовска учествуваше на  Советување на тема: „Положбата и улогата на Уставниот суд во примената на Европската конвенција за човекови права“ кое се одржа во Милочер, Република Црна Гора, во периодот од 4 – 6 октомври 2006 година. На советувањето, кое беше организирано од страна на Уставниот суд на Република Црна Гора во соработка со Фондот за отворено друштво, беа разменети ускуства на уставните судови на земјите од регионот во примената на Европската Конвенција за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права на која тема излагање имаше и генералниот секретар на Уставниот суд, г-ѓа Милица Николовска.

Leave a Reply