Пленарна седница на Венецијанската Комисија

Учество на 63-та Пленарна седница на Венецијанската Комисија

Од 8 до 12 јуни 2005 година во Венеција, Италија се одржа 63-та Пленарна седница на Европската Комисија за демократија преку правото – Венецијанската Комисија на Советот на Европа. На оваа редовна седница на Венецијанската Комисија учествуваше Претседателот на Уставиот суд на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Ингилизова – Ристова и судијата Мирјана Лазарова Трајковска при што во работните денови од 10 – 11 јуни 2005 година со свое излагање настапи Претседателот на Уставниот суд преку кое ги претстави уставните надлежности, организацијата и работата на Уставниот суд на Република Македонија.

На седницата учествуваа претставници од 42 земји членки на Венецијанската Комисија, 1 земја посматрач како и повеќе други меѓународни организации.

Leave a Reply