Соопштенија

Учество на 12 –та Меѓународна конференција на претседатели на Судови во Лакнау, Индија.

На покана од Градското Монтесори училиште, а по повод Светскиот судиски самит 2011, делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски и судијата на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Игор Спировски ќе земат учество на 12 –та Меѓународна конференција на претседатели на Судови од светот што ќе се одржи од 9 до 13 декември 2011 година во Лакнау, Индија.

На Конференцијата, Претседателот на Судот, г-дин Бранко Наумоски ќе има и излагање на тема „Грижата и заштитата на децата како врвен приоритет“.

Leave a Reply