Соопштенија

Учество на свеченост во чест на 20 годишнината од Уставниот суд на Руската Федерација.

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски, на покана на Уставниот суд на Руската Федерација во периодот од 25 до 30 октомври ќе престојува во Москва и Санкт Петерсбург на свеченостите организирани во чест на 20 годишнината од Уставниот суд на Руската Федерација.

По тој повод, Претседателот ќе земе учество и на Меѓународната Конференција на тема: „Уставна контрола: доктрина и практика“ што ќе се одржи во Санкт Петерсбург од 28-29 окотмври 2011 година.