Соопштенија

Соопштение до јавноста

Соопштение до јавноста

Во врска со насловот и текстот поврзан со Уставниот суд на Република
Македонија, објавен во дневниот весник “Вечер“ на 15 јули 2010 година,
изразуваме запрепастеност од формата преку која е манифестирана некултура,
попрецизно простотилак.

Во однос на содржината, пак, укажуваме дека Судот досега не расправал за
прашања околу сексот, поради што написот се заснова и на невистини. Доколу,
пак , авторот на текстот, Весникот и нивните ментори се чувствуваат засегнати
околу сексот, не треба да се плашат од определбите на Судот во таа сфера и
можат слободно да го практикуваат каде што сакаат во рамките на пристојноста и
моралните вредности.

Порт-парол,
м-р Југослав Миленковиќ

Leave a Reply