Соопштение

Поставен камен темелникот на новиот објект во кој ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија

На 23 март 2009 година беа поставени темелите на новата зграда во која ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски вчера го поставија камен-темелникот за изградба на објектот, а со свечениот чин што беше проследен со света литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан. Објектот ќе биде изграден за 28 месеци.

Leave a Reply