Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.12.2017 година (среда), со почеток во 09,00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 140-а став 3 во деловите „е должнa“; „да го усогласи текстот на предлог-“ и „и усогласениот текст на предлог-тарифата да“ и ставовите 4, 5, 6, 7 и 8 од истиот член од Законот за авторското право и сродните права
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.115/2010, 51/2011, 147/2013, 154/2015 и 27/2016)
– член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ бр.147/2013) и
– член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2016)
Реферат У.бр.137/2016

2. – Член 259–а став 2 и член 266 став 3 од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ брoj 39/2005, 4/2008, 48/2010, 158/2010, 44/2011, 53/2011, 11/2012, 171/2012, 187/2013, 129/2015, 154/2015, 192/2015 и
23/2016),
– член 28-а од Законот за Царинската управа („Службен весник на Република Македонија“ брoj 46/2004, 81/2005, 107/2007, 103/2008, 64/2009, 105/2009, 48/2010, 158/2010, 53/2011, 113/2012, 43/2014, 167/2014, 33/2015, 61/2015, 129/2015 и 23/2016) и
– член 50 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија“ брoj 124/2015)
Реферат У.бр.150/2016

3. Член 22 став 1 точките 4 и 5 од Законот за приватно обезбедување („Службен весник на Република Македонија“ бр.166/2012, 164/2013, 148/2015 и 193/2015)
Реферат У.бр.167/2016

4. Член 136 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013,170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015 и 27/2016)
Реферат У.бр.5/2017

5. Тарифа за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите (”Службен весник на Република Македонија” број 226/2016)
Реферат У.бр.8/2017

6. – Одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување на урбана опрема бр.08-76/12 од 14.03.2017 година, донесена од страна на Општина Неготино, објавена во „Службен гласник на општина Неготино“ бр.3/2017 од 14.03.2017 година и
– Одлука за утврдување на стандарди и нормативи за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Неготино бр.08-76/13 од 14.03.2017 година, донесена од Општина Неготино, објавена во „Службен гласник на општина
Неготино“ бр.3/2017 од 14.03.2017 година
Реферат У.бр.58/2017

7. Член 10 ставови 2 и 3 од Статутот на Македонскиот полициски синдикат, донесен од наведениот синдикат под бр.0201-187 од 09.03.2017 година
Реферат У.бр.59/2017

8. Член 106 од Одлуката за комунален ред на Општина Битола, бр.07-15 од 29.11.2012 година („Службен гласник на Општина Битола“ бр.14 од 3 декември 2012 година), донесена од Советот на Општина Битола
Реферат У.бр.107/2017

9. – Одлука број 08-4160/32 од 22.03.2017 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје, објавена во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје број 6/2017, за поништување на Одлуката за донесување на изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за „Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал ринг”-Општина Центар-Скопје, број 07-9816/8 од 21.12.2012 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје и
– Решение број 09-4160/33 од 22.03.2017 година, донесено од градоначалникот на Општина Центар-Скопје, објавено во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје број 6/2017, за објавување на Одлуката за поништување на Одлуката за донесување на изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за „Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал ринг”-Општина Центар Скопје, број 07-9816/8 од 21.12.2012 година, донесено од Советот на Општина
Центар-Скопје
Реферат У.бр.36/2017

Leave a Reply