Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 15-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 31.05.2017 година (среда), со почеток во 09.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 15-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 31.05.2017 година (среда), со почеток во 09.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 2 точка 11 во делот „Законот за царински мерки за заштита на
права од интелектуална сопственост“ од Законот за царинската управа („Службен
весник на Република Македонија“ бр.46/2004, 81/2005, 107/2007, 103/2008,
64/2009, 105/2009, 48/2010, 158/2010, 53/2011, 113/2012, 43/2014, 167/2014,
33/2015, 61/2015, 129/2015 и 23/2016).
Реферат У.бр.100/2016

2. Член 9 од Правилникот за начинот и постапката за избор на член на
управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво, донесен од Агенцијата за
супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на
Република Македонија“ бр.175/2013).
Реферат У.бр.126/2016

3. Член 3 став 1 во делот: „во рок од 30 дена пред истекот на рокот за
важење на лиценцата” од Правилникот за начинот и постапката за издавање,
обновување и одземање на лиценците за проектирање на градби, ревизија на
проектна документација, управител на градба, изведувач на градби, надзор над
изградбата на градби и управител на одржување на објекти, формата и содржината
на образецот на лиценците, како и формата и содржината и начинот на водење на
регистарот за издадени, обвновени и одземени лиценци, донесен од министерот за
транспорт и врски, со број 01-2607 од 12.03.2013 година, објавен во „Службен
весник на Република Македонија” број 45/2013.
Реферат У.бр.145/2016

4. Член 2 став 1 точка 13 од Одлуката за определување на добрата и
услугите кои подлежат на повластена стапка на данок на додадена вредност
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.102/2006, 116/2007, 126/2007,
145/2008, 41/2011, 150/2011, 147/2012, 117/2014, 31/2016 и 222/2016), донесена
од Владата на Република Македонија.
Реферат У.бр.2/2017

Leave a Reply