Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за ден вторник, 25.11.2014 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за ден вторник, 25.11.2014 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 12 став 1 точка 1 алинеја 2 и точка 2 алинеја 3 и член 17 став 2
алинеја 3 од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна
сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2013, 106/2013 и
137/2013).

Реферат У.бр.88/2013

2. Член 99-а став 3 и став 4 во делот: „Во случај на повторување на прекршокот
од страна на истиот сторител или со истото возило, возилото што било користено
за превоз трајно се одзема во сопственост на Република Македонија со
асистенција на униформираниот полициски службеник во моментот на сторување на
прекршокот, а по издавање на решение за трајно одземање на возилото од страна
на инспекторот за патен сообраќај“ од Законот за превоз во патниот сообраќај
(„Службен весник на РепубликаМакедонија“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009,
83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13 и 42/2014).

Реферат У.бр.66/2014

3. Член 41 став 4, во делот: „а кои имаат важечка лична карта или патна
исправа“, член 43 став 1 алинеја 1, во делот: „на денот на изборите кои имаат
важечка лична карта или патна исправа“ и став 3, во делот: „податоците се
доставуваат наредниот ден од денот на распишувањето на изборите“ од Изборниот
законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 136/2008,
148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013,
14/2014 и 30/2014).

Реферат У.бр.103/2014

4. – Одлука за донесување на Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 –
локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно
Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар – Скопје бр.07-4414/4 од 18 јули
2014 година;
– Одлука за донесување измени и дополнување на Деталниот урбанистички план
Тасино Чешмиче 1, Општина Центар – Скопје, бр.07-4414/6 од 18 јули 2014 година;
– Одлука на Решението за запирање на објавувањето на Одлуката за донесување
измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план Тасино Чешмиче 1, општина
Центар – Скопје, бр.07-4780/2 од 4 август 2014 година, и
– Одлука по Решението за запирање на објавувањето на Одлуката за донесување
Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07- локалитети Капиштец, Завод за
медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара,
општина Центар – Скопје, бр.07-4780/4 од 4 август 2014 година.

Реферат У.бр.115/2014

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот

У.бр.90/2014

Leave a Reply