Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 12.11.2014 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 12.11.2014 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 5 став 2 во делот: “доколку по исклучок кој произлегува од
специфичностите на стоките, услугите и работите или од природата на договорот
не е предвиден подолг рок”;
– член 6 став 2;
– член 7 точка 4 во делот: “доколку по исклучок кој произлегува од
специфичностите на стоките и услугите или од природата на договорот не е
предвиден подолг рок”;
– член 11 став 2 и
– член 12 , сите од Законот за финансиска дисциплина (“Службен весник на
Република Македонија” број 187/2013)

Реферат У.бр.19/2014

2. – Член 9 став 5 во делот „при што се земаат предвид и другите нивни
способности релевантни за вршење на функцијата“;
– член 38 став 2 алинеја 5;
– член 39 став 2 во делот „за определени места утврдени со актот за
систематизација на работните места во финансиската полиција и“ и
– член 6, сите од Законот за финансиската полиција („Службен весник
на Република Македонија“ бр.12/2014 и 43/2014).

Реферат У.бр.20/2014

3. Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и
водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник
на Република Македонија“ бр. 70/2013)

Реферат У.бр.80/2014

4. Точка 2, во делот: „за одговор на жалба или ревизија, се плаќа половина од
таксата од точката 1“, и точка 5 од Тарифниот број 1 на Таксената тарифа од
Законот за судските такси („Службен весник на Република Македонија“ бр.
114/2009, 148/2011 и 106/2013).

Реферат У.бр.124/2014

5. Член 14, во делот: „по основ на нематеријална штета чија висина ја утврдува
Владата на Република Македонија“ од Законот за правата на претседателот на
Република Македонија и членовите на неговото семејство по престанувањето на
функцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2004, 109/2006 и
157/2007).

Реферат У.бр.128/2014

6. – Член 1, во делот на новододадениот став 5 и член 3 од Правилникот за
изменување и дополнување на Правилникот за oвластени производители на
електрична енергија од обновливи извори на енергија („Службен весник на
Република Македонија“ 63/2013)

Реферат У.бр.76/2014

II. ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ:

1. Решавање на судир на надлежност по предметот

У.бр.14/2014

Leave a Reply