Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 04.12.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 04.12.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 63-б став 3 точка 2 и став 6 точка 2 од Законот за надворешни работи
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2006, 107/2008 и 26/2013), и
– член 33 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
надворешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.26/2013).
Реферат У.бр.37/2013

2. Член 18 став 2 алинеја 7 од Законот за политичките партии („Службен весник
на Република Македонија“ бр.76/2004, 5/2007, 8/2007, 5/2008 и 23/2013).
Реферат У.бр.55/2013

3. – Член 31 став 1, во делот: „по објавувањето“ и ставовите 10 и 11;
– член 52 точка 11;
– член 53 став 2, во делот: „на членовите на Комисијата им следува
месечен надоместок за извршената работа што го определува Владата на Република
Македонија, а средствата се обезбедуват од Буџетот на Република Македонија“;
– член 53 став 3 во делот: „на членовите на Комисијата им следува
месечен надоместок за извршената работа што ќе биде определен од советот на
единицата на локалната самоуправа, а средствата се обезбедуваат од средствата
на буџетот на единициата на локалната самоуправа“, и
– член 53 став 6, сите од Законот за енергетика („Службен весник на
Република Македонија“ бр.16/2011 и 136/2011).
Реферат У.бр.70/2013

4. Член 11 став 2 и член 47 став 3 точка 2 од Законот за денационализација
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.20/1998, 31/2000, 42/2003,
44/2007, 20/2007, 14/2009, 20/2009, 72/2010 и 171/2010).
Реферат У.бр.71/2013

5. – Член 51 став 4;
– член 149, во делот: „Професионален војник – 397“, и
– член 150 став 1, во делот: „Професионален војник – 20 100“ од
Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на
Република Македонија“ бр.36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011 и 55/2012).
Реферат У.бр.118/2013

6. -Член 163 и член 164 ставовите 2, 4 и 5 од Законот за парничната
постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005) и
– член 13 став 2 од Законот за судски такси („Службен весник на
Република Македонија“ бр.1146/2009)
Реферат У.бр.142/2013

Leave a Reply