Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 10-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.03.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 10-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.03.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 23 став 1 точките 3, 4 и 5 и ставовите 2 и 3 од Законот за
угостителската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2004,
89/2008, 115/2010, 53/2011 и 141/2012).
Реферат У.бр.50/2011

2. Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна
функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на
државната безбедност (“Службен весник на Република Македонија” број 86/2012),
во целина и: член 1 алинеи 1 и 2, во делот: „до денот на започнувањето на
примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“; член 3
став 1 точка 25; член 4; член 14; член 15 став 3; член 18 ставови 3 и 4, во
деловите: „до денот на започнувањето на примената на Законот за слободен
пристап до информации од јавен карактер“; член 27 став 3; член 28; член 29;
член 30; член 31 ставови 2, 3 и 4; член 33; член 36 став 2, и член 40.
Реферат У.бр.111/2012

3. Член 4, во делот: „предвидени со актите за планирање“, член 5 став 2,
член 6 став 1 алинеја 14, член 7 алинеи 1, 6 и 7 и член 33 ставови 2 и 3 од
Законот за експропријација („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/2012
и 24/2013).
Реферат У.бр.181/2012

4. Член 161-б став 1 алинеите 9 и 10 од Законот за високото образование
(“Службен весник на Република Македонија”, 35/2008, 103/2008, 26/2009,
83/2009, 99/2009, 15/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013 и 24/2013)
Реферат У.бр.183/2012

5. Одлуката за донесување на измени и дополнување на Детален
урбанистички план на град Кичево за населбата “Бала маало“, број 07-1016/4
донесена од страна на Советот на општина Кичево на 14 јули 2000 година и
објавена во „Службен гласник на општина Кичево“ бр.4/2000.
Реферат У.бр.19/2013

Leave a Reply