Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 17-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 12.05.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 17-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 12.05.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 11 став 1 точка 1, точка 2 и точка 3, став 2, став 3 и став 5;
член 24 став 5; член 31 став 1; член 32; член 33; член 34-б став 2; член 35 и
член 38 од Законот за медијација („Службен весник на Република Македонија“ бр.
60/2006, 22/2007 и 114/2009).
(Реферат У.бр.231/2009)

2. Член 11 став 1 алинеја 5, член 33 став 1 и член 68 став 1 алинеја 2
од Законот за Финансиската полиција („Службен весник на Република Македонија“
бр. 55/2007).
(Реферат У.бр.242/2009)

3. Член 15 во делот: „освен во случаите утврдени со Законот за користење
и располагање со ствари на државните органи“, член 25 став 1 алинеите 2 и 3,
став 2 во делот: „и иницијатива за разрешување“, член 26 став 2 и член 29 став
1 во делот: „орган или“ од Законот за спречување на судир на интереси („Службен
весник на Република Македонија“ бр.70/2007, 114/2009 и 128/2009-пречистен
текст).
(Реферат У.бр.251/2009)

4. Член 54 став 3 во делот „висината и“ од Законот за јавното
обвинителство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2007 и
111/2008).
(Реферат У.бр.280/2009)

5. Член 159 од Законот за катастар на недвижностите („Службен весник на
Република Македонија“ бр.40/2008)
(Реферат У.бр.283/2009)

6. – Поднасловот “Интерен оглас” и
– Член 20 од Колективниот договор на Јавното претпријатие за поштенски
сообраќај “Македонска пошта” ц.о. Скопје, број 54/5 од 24.12.2005, склучен меѓу
Јавното претпријатие за поштенски сообраќај “Македонска пошта” ц.о. Скопје и
Синдикалната организација на ЈП “Македонска пошта” ц.о. Скопје, на 24 декември
2005 година.
(Реферат У.бр.177/2009)

7. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за локалитет
„Скопјанка“ Урбана единица А бр.07-1438/29 од 12 март 2009 година, донесена од
Советот на Општина Аеродром („Службен гласник на општина Аеродром“ бр. 5 од 12
март 2009 година).
(Дополнителен реферат У.бр.205/2009)

8. Делот: „или лекарско уверение за причините наведени во точката 1 став
2 (издадено од Здравствената станица на Универзитетот)“ од делот IV. Запишување
вонредни студенти точка 3 од Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус
студии на студентски програми на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во
Скопје во учебната 2009/2010 година од јуни 2009 година.
(Реферат У.бр.289/2009)

9. Правилник за систематизација на работните места на општинската
администрација во општина Крива Паланка број 01-4513/1, донесен од
Градоначалникот на општината на 25 декември 2009 година.
(Реферат У.бр.31/2010)

Leave a Reply