Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 4-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 03.02.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 4-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 03.02.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 15, член 38 став 1 алинеја 4, став 4 алинеја 4 и член 50-б став
1 точка 4 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на
Република Македонија“ бр.7/2005 и 103/2008).
(Реферат У.бр.155/2009)

2. Член 293-а ставови 1 и 2 од Законот за општата управна постапка
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.38/2005 и 110/ 2008).
(Реферат У.бр.219/2009)

3. – Член 20 од Законот за плати на судиите, во целина и посебно во
делот: „и критериумите“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 110/2007)
и
– Правилникот за постапката и критериумите за следење и оценување на работата
на судиите („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/2008), во целина и
посебно: насловот на Правилникот, во делот: „утврдуваат правила и критериуми и
се“, член 2 алинеја 2 во делот:„и моралните“, Глава „2. Критериуми за оценка на
работењето на судијата“, членовите 5, 6 и 7, поднасловот:„ Квалитетни
критериуми за работење на судијата“, членовите 8 и 9 и член 23 став 2 алинеја 1.
(Реферат У.бр.237/2009)

4. Правилник за текот и начинот на oдвивање на практичниот дел од почетната
обука, за правата и обврските на кандидатите за судии и јавни обвинители и за
менторите, број 01-104/5 од 13 февруари 2009 година, донесен од Управниот одбор
на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, објавен во “Службен весник
на Република Македонија”, број 32/2009, во целина и посебно: називот на
Правилникот во делот: “за правата и обврските“; Глава: -“V МЕНТОРИ”;
поднасловите: “Статус на менторите”; “Права и обврски на менторите”; “Улога,
права и обврски на координаторот”; “Должности на менторите кон Академијата”;
“Должности на менторите кон учесниците” и членовите: 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15
и 16; “Права и обврски на учесниците” и членовите: 24 и 25;
-Глава: “XI ОДМОРИ И ОТСУСТВА” и членовите: 43, 44 и 45; и
-Глава: “XII ОДРЖУВАЊЕ НА РЕДОТ И ДИСЦИПЛИНАТА ОДГОВОРНОСТ НА УЧЕСНИЦИТЕ” во
делот: “и дисциплинска одговорност на учесниците” и членовите: 47 и 48.
(Реферат У.бр.72/2009)

5. Одлуката за давање на користење на недвижна ствар на Министерството
за култура, бр.19-905/1, донесена од Владата на Република Македонија на 17
февруари 2009 година и
(Реферат У.бр.97/2009)

6. Членови 4, 5 и 6 од Правилникот за критериумите за склучување
договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените
установи кои вршат обезбедување на осигурените лица со лекови кои се
пропишуваат на рецепт во примарната здравствена заштита („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 76/2004 и 137/2006), донесен од Управниот одбор на
Фондот за здравственото осигурување на Македонија.
(Реферат У.бр.157/2009)

7. Одлука за забрана за поставување антени и антенски столбови за
мобилна телефонија и други намени и дислокација на веќе поставените во
централното градско подрачје во Радовиш, број 07-991/1 од 29 мај 2009 година
(„Службен гласник на општина Радовиш“ број 10/2009), донесена од Советот на
општина Радовиш.
(Реферат У.бр.169/2009)

8. Член 3 став 2 од Тарифникот за изменување и дополнување на Тарифникот
за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за
вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални
суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр.105/2009).
(Реферат У.бр.240/2009)

Leave a Reply