Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 38-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 26.11. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 38-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 26.11. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Глава VIII- „Нотари како повереници на Судот“ од Законот за вонпарнична
постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.9/2008).
(Реферат У.бр.39/2008)

2. Член 25 став 1 точка 5 во делот „и тоа само за делот на недвижноста кој би
го наследил според Законот за наследување и без давање на издршката„ од Законот
за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ бр.61/2004,
92/1997 и 102/2008).
(Реферат У.бр.123/2008)

3. Одлука за определување на висината на надоместокот за одржување на уредено
градежно земјиште број 07-155/18 од 30 јануари 2008 година, донесена од Советот
на општина Ресен („Службен гласник на општина Ресен“ бр.1/2008).
(Дополнителен реферат У.бр.147/2008)

4. Точка 5.1., во делот „преку имателите на информации“ од Упатството за
начинот на постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до
информации од јавен карактер, донесено од Комисијата за заштита на правата за
пристап до информации од јавен карактер.
(Реферат У.бр.181/2008)

Leave a Reply