Решение У.бр.143/2011

У.бр.143/2011

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 07 ноември 2012 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 202 ставови 3 и 4 во деловите ”односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување” од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/2005, 50/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010, 88/2010 и 171/2010)

2. Милутин Крстески од Скопје, до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на законот наведен во точката 1 од ова решение.

3. Според наводите во иницијативата со зададените законски обврски и со спроведените извршни дејствија врз основа на член 5 став 1 и став 2 и оспорените деловите „односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр.171/2010) ќе биле преземени активности и мерки, кои за подолг временски период ќе се рефлектирале врз здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Исто така, во иницијативата се наведува дека оспорената законска одредба не била во согласност со одредбите на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, односно со одредбите на Аман дманот IV, како и со одредбите од член 1 став 1, член 2 став 1, член 8 став 1 алинеја 1, 3, 8 и 11, член 9 став 2, член 10 став 1, член 11 став 1, член 20 став 1, член 30 став 2, член 34, член 39, член 41 став 2, член 55, член 115 став 1 и член 117 став 2 од Уставот на Република Македонија.

Меѓудругото во иницијативата се наведува дека оспорената законска одредба не била во согласност со одредбите на член 210 од Законот за извршување, со одредби од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, одредбата од член 3 став 1 од Законот за здравствено осигурување, како и со одредбата од член 69-д од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, одредбите од Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување и одредбите од Упатството за начинот на трезорското работење на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, како и со други закони и подзаконски акти и ратификувани меѓународни договори во согласност со Уставот на Република Македонија.

4. Судот на седница утврди дека согласно член 202 став 1 од Законот за извршување, извршителот со налогот за извршување назначува еден од носителите на платен промет каде што се водат доверителовите и должниковите парични средства, бројот на доверителовата и должниковата сметка и нивните потсметки доколку ги има, доверителовиот и должниковиот даночен број или ЕМБГ и долгуваниот износ.

Со налогот за извршува ње врз парични средства што се водат на сметка на должникот кај носителот на платен промет, на носителот му се наложува паричниот износ за кој е наложено извршување да го пренесе од сметките на должникот на сметката на извршителот предвидена во членот 35 став 4 од овој закон. (став 2)

Налозите за извршување кои ги задолжуваат трезорските сметки, односно сметката на должникот која се наоѓа во рамките на трезорските сметки, носителот на платен промет ги извршува на начин што врз основа на налозите за извршување изготвува налози кои ги доставува до Трезорот при Министерството за финансии, односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување каде што на должникот му се води сметката. (став 3)

Трезорот при Министерството за финансии односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување налозите од ставот (3) на овој член ги извршува согласно со овој закон и согласно со прописите за платен промет. (став 4)

Извршителот е должен да го достави налогот за извршување до должникот, откако налогот за извршување врз средства на сметката на должникот е евидентиран кај носителот на платен промет. (став 5)

5. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Согласно чл енот 9 од Уставот на Република Македонија, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба и граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/2005, 50/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010, 88/2010 и 171/2010) е донесен во мај 2005 година, а почна да се применува од 26 мај 2006 година. Законот за извршување е реформски закон со кој се промени системот на судиското извршување и во вид на должност се воведе институтот извршители, односно лица кои вршат јавни овластувања, именувани од министерот за правда согласно Законот.

Со член 1 став 1 од овој закон, се уредуваат правилата според кои извршителите постапуваат заради присилно извршување на судска одлука која гласи на исполнување на обврска, освен ако со друг закон поинаку не е определено. Одредбите на овој закон се применуваат и врз присилно извршување на одлука донесена во управна постапка која гласи на исполнување на парична обврска, освен ако со друг закон поинаку не е определено. (став 2) Одредбите на овој закон се применуваат и врз присилно извршување на нотарски испр ави и други извршни исправи предвидени со закон.(став 3) Одредбите на овој закон се применуваат и на извршување на брод и на воздухоплов.(став 4)

Согласно член 2 став 1 од Законот се уредува дека основа за извршување претставува извршната исправа. Основа за извршување е и решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа донесено од нотар. (став 2) Извршувањето започнува по барање од доверителот. (став 3) Извршување на извршната исправа може да се спроведува само кај еден извршител (став 4)

Според член 3 став 1 од Законот, извршителот го спроведува извршувањето. Извршителот не смее да го одбие спроведувањето на извршувањето, освен во случај ако се исполнети условите за негово изземање и ако има сознание дека за истата извршна исправа се спроведува извршување кај друг извршител. (став 2)

Согласно член 4 од овој закон, извршувањето заради остварување на парично побарување ќе се спроведе во обем што е потребен за намирување на тоа побарување.

Според член 210 од Законот, предмет на извршување не можат да бидат побарувања на Република Македонија и на единиците на локалната самоуправа и фондовите врз основа на придонеси, даноци и други давачки.

6. Судот утврди дека поднесената иницијатива за оценување на уставноста се однесува на член 5 став 1 и став 2 во деловите „односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр.171/2010 од 30 декември 2010). Со оспорената одредба од членот 202 уреден е начинот на извршувањето на налозите кои ја задолжуваат трезорската сметка на Трезорот при Министерството за финансии за буџетски корисници, поради што беше потребно усогласување на Законот за извршување со Законот за здравствено осигурување („Службен весник на РМ“ бр.25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010) и Законот за платниот промет („Службен весник на Република Македонија“ бр.113/2007, 22/2008, 159/2008, 133/2009 и 145/2010), така што би се уредил и начинот на извршувањето на налозите кои ја задолжуваат здравствената трезорска сметка на Трезорот при Фондот за здравствено осигурување.

Со членот 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр.171/2010) извршена е измена на ставовите 3 и 4 од членот 202, со што е усогласен Законот за извршување со Законот за здравствено осигурување и Законот за платниот промет. Имено, Законот за извршување е дополнет со воведување на Трезорот на Фондот за здравствено осигурување како еден од носителите на платниот промет, кој ќе ги извршува налозите за извршување кои ги задолжуваат сметките на должниците кои се водат кај нив.

Според член 5 став 1 од Законот, налозите за извршување кои ги задолжуваат трезорските сметки, односно сметката на должникот која се наоѓа во рамките на трезорските сметки, носителот на платен про мет ги извршува на начин што врз основа на налозите за извршување изготвува налози кои ги доставува до Трезорот при Министерството за финансии, односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување каде што на должникот му се води сметката. Според став 2 на истиот член, Трезорот при Министерството за финансии, односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување налозите од ставот 3 на овој член ги извршува согласно со овој закон и согласно со прописите за платен промет.

Судот, утврди дека со овој член се создаде основ за извршување на налози од страна на Трезорот од сметката на должникот. Со воведувањето на Трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како еден од носителите на платен промет, истиот ги извршува налозите за извршување кои ги задолжуваат сметките на должниците кои се водат кај нив, односно сметките на јавните здравствени установи. Истото значи дека по основ на судско решение како резултат на долг на јавна здравствена установа, се реализираат средства од нејзината сметка во корист на субјектот кон кого е направен долгот.

Тргнувајќи од анализата на наводите во иницијативата дека со извршување на вака зададените законски обврски ќе се преземале активности и мерки, кои за подолг временски период ќе се рефлектирале врз здравјето на граѓаните на Република Македонија, Судот оцени дека вака изразеното сомнение за уставноста на одредбата, претставува декларативна изјава на сомнение по однос на законитоста на истата, без да се наведат причините за не јзината несогласност со наведените одредби од Уставот, како и отсуство на наводи за повредените одредби од другите закони.

Исто така, Судот утврди дека со оспорениот член 202 ставови 3 и 4 од Законот за извршување, законодавецот утврдил нови услови за осигурување на налозите за извршување кои ги задолжуваат трезорските сметки, односно сметката на должникот која се наоѓа во рамките на трезорските сметки носителот на платен промет ги извршува на начин што врз основа на налозите за извршување изготвува налози кои ги доставува до Трезорот при Министерството за финансии, односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување каде што на должникот му се води сметката, и поради тоа Судот оцени дека не може основано да се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба од член 202 ставови 3 и 4 во деловите ”односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување” од Законот за извршување со наведените одредби на Уставот на Република Македонија.

7. Во иницијативата, исто така се наведува дека оспорената законска одредба не била во согласност со одредбите во член 210 од Законот за извршување, со одредби од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со одредбата на член 3 став 1 од Законот за здравствено осигурување, како и со одредбата на член 69-д од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, со одредбите од Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, со одредбите од Упатст вото за начинот на трезорското работење на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, како и со други закони и подзаконски акти и ратификувани меѓународни договори во согласност со Уставот на Република Македонија.

Судот утврди дека согласно член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување („Службен весник на РМ“ бр.50/2010) и согласно одредбите на членовите 69-в до 69-ж предвиден е систем на финансирање на јавните здравствени установи за остварување на правата на здравствено осигурување, како и формирање на Трезор во рамките на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Трезорот се формира како организациона единица за управување со здравствената трезорска сметка и другите сметки на јавните здравствени установи.

Согласно став 1 од член 69-ѓ од Законот, Трезорот на фондот покрај останатите рабаоти, ги извршува и налозите по основ на решенијата за присилна наплата кои ја задолжуваат здравствената трезорска сметка. Одредбите од Законот за здравствено осигурување кои се однесуваат на Трезорско работење на Фондот отпочнаа да се применуваат од 1 јануари 2011 година.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за платниот промет („Службен весник на РМ“ бр.145/2010) создаден е основ во рамките на Фондот за здравствено осигурување на Македонија да се формира Трезор за јавни здравствени установи, како посебен носител на платниот промет во Република Македонија и негово директно учество во реализацијата на налозите за плаќање од трезорската сметка.

Судот констатира дека во образложението на иницијативата, меѓу другото се упатува на спротивност на оспорениот член со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“ бр.142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/2010 и 53/2011). Согласно член 1 од Законот, со истиот се уредуваат видовите на придонеси за задолжително социјално осигурување, обврзниците за плаќање на придонеси, обврзниците за пресметка и уплата на придонеси, основиците на кои се плаќаат придонеси, стапките на придонеси, начинот на пресметка, роковите на плаќање на придонеси, контрола на пресметување и уплата на придонеси, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на придонесите. Од претходно образложеното може да се види дека помеѓу овие два закони нема никаква поврзаност и неосновано е тврдењето дека оспорениот член е во спротивност со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд е надлежен да одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Наводите во иницијативата за меѓусебна противречност на одредби од истиот закон (член 202 ставови 3 и 4 во однос на член 210 од Законот за извршување), претставува барање за меѓусебна оцена на усогласеноста на одредби од ист закон, што излегува надвор од надлежностите на Уставниот суд утврден и со член 110 од Уставот.

Наводите во иницијативата за конкретно барање на согласноста на член 202 ставови 3 и 4 од Законот за извршување со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со член 3 став 1 од Законот за здравствено осигурување, со член 69-д од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, со Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување и Упатството за начинот на трезорското работење на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, претставува барање за меѓусебна согласност на два закона, што исто така не спаѓа во надлежност на Уставниот суд.

Тргнувајќи од наведеното, Судот оцени дека се исполнети условите од член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд, за отфрлање на иницијативите во овие делови.

8.Тргнувајќи од наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

9. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Бранко Наумоски и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Елена Гошева, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Вера Маркова, Сали Мурaти, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски .

У.бр.143/2011
07 ноември 2012 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски

Leave a Reply