д-р Милан Недков

Судија

д-р Милан Недков

Судија 1994 - 2003 | Претседател 1997 - 2000

1994 – 2003 | Претседател 1997 – 2000

Кратка биографија

Роден е во 1931 година во Кавадарци, Македонец.Правен Факултет завршил во 1957 година во Скопје. По завршувањето на Правниот Факултет работел во Министерството за внатрешни работи и Секретаријатот на Извршниот совет за законодавство. Бил на специјализација во Институтот за општествени науки во Белград. Во 1960 година бил избран за асистент на Правниот Факултет во Скопје, докторирал на тема од областа на правото во 1965 година. Во 1974 година бил избран за редовен професор на Правниот Факултет. Бил наставник на редовните студии по предметите: Наука за управувањето и Трговско статусно право. Предавал на студиите по новинарство и на групата Филозофија на Филозофскиот Факултет во Скопје. На постдипломските студии држел настава на повеќе курсеви од областа на политичките науки и трговското статусно право. Повеќе години бил раководител на Одделението за политиколошки истражувања на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, а четири години бил директор на овој Институт. Учествувал како раководител и истражувач во реализацијата на повеќе проекти, особено посветени на истражување на изборните процеси и јавното мислење. Повеќе години бил главен и одговорен уредник на списанието за теоретски прашања “Погледи”. Објавил повеќе студии и учебници, како голем број статии и есеи. Од 1994-2003 година е судија на Уставниот суд на Република Македонија, а во времето од 1997 до 2000 година беше и негов претседател.